Во меѓувреме од Светска банка ќе се бараат пари за реализација на 16-те модуларни болници со кои треба инфективните одделенија физички да се одделат од останатите болнички капацитети, кои во тој случај би продолжиле нормално да функционираат за пациенти со други болести.

Објавил: Стојче Бушин | 29 јули, 2020 19:56

Филипче: Ситуацијата со коронавируот во земјава е апсолутно стабилна и целосно под контрола

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ситуацијата со коронавируот во земјава е апсолутно стабилна и целосно под контрола, но со очекување и во наредниот период бројките на новозаболени да го задржат сегашниот тренд. Ова се проценките на министерот за здравство Венко Филипче за состојбата со Ковид-19 во земјава, чиј втор бран веќе два месеци секојдневно брои по над 100 нови случи, изјави Филипче за Телма!

Во меѓувреме од Светска банка ќе се бараат пари за реализација на 16-те модуларни болници со кои треба инфективните одделенија физички да се одделат од останатите болнички капацитети, кои во тој случај би продолжиле нормално да функционираат за пациенти со други болести.

„ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ИМАМЕ ЕДЕН РАБОТЕН СОСТАНОК НА КОЈ ШТО ЌЕ ГИ ОБРАЗЛОЖИМЕ ПРЕД ЕКСПЕРТИТЕ ОД СВЕТСКАТА БАНКА СИТЕ АСПЕКТИ НА ОВОЈ НАШ ПРОЕКТ, ЗАРАДИ ТОА ШТО ТОА ПОДРАЗБИРА ПОДОБРУВАЊЕ И НАДГРАДУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА – ВО СМИСЛА НА БОЛНИЧКИ КРЕВЕТИ, ПОНАТАМУ НА ЛАБОРАТОРИИТЕ, ВО СМИСЛА НА ТОА ДА СЕКОЈА БОЛНИЦА ИМА СВОЈА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА БРЗО ТЕСТИРАЊЕ, РЕЗУЛТАТИ КОИ ШТО ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ЗА 45 МИНУТИ И СЕКАКО, ОНОЈ ПЛАН ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ И НА МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ“, ВЕЛИ ЗА ТЕЛМА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО.

Во подготовките да се пресретне третиот ковид-бран кој се очекува од есен, а кој би донел повеќе заболени со коронавирус, засилен со сезонските респираторни вируси, Филипче вели дека со протоколи за функционирање во такви услови се опфатени речиси сите сегменти од општеството.

„ЕДИНСТВЕНО НЕШТО ШТО ДОПОЛНИТЕЛНО БИ ТРЕБАЛО И МОЖЕЛО ДА ДОЈДЕ ВО ПРЕДВИД СЕ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ ВО ДВИЖЕЊЕТО, НО ЗАСЕГА НЕМА ИНДИКАЦИЈА ЗА ТОА. СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ТАКА ЌЕ ОСТАНЕ“, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ.

Филипче стабилната сасотојба со Ковид-19 во земјава ја објаснува со стабилниот процентот на новозабоелни од тестираните, кој се движи меѓу 10 и 15 проценти.

Според него најдобар индикатор дека состојбата е стабилна е капацитетот на болниците, однсно дека има доволно кревети за лечење на заболените, како и добрата организација на медицинскиот персонал кој ги третира овие пациенти.

Филипче денеска најави дека се планира од идната недела да започне распределбата на пациентите со Ковид-19 од ГОБ „8 Септември“ на Клиниката за инфективни болести, за болницата да се врати кон нормалната работа за другите пациени, пред се во делот на ортопедијата.

Во ГОБ „8 Септември“, според планот, треба да останат околу 75 кревети за пациенти со коронавирус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Горд сум што нашите институции ги претвораме енергетски поефикасни. Второто најголемо родилиште во државата, повеќе нема да биде причинител за загадување на градот Скопје, вели министерот Филипче!

Оваа грејна сезона, болницата „Мајка Тереза“ во Чаир ќе се загрева на нов систем со течен гас

Оваа грејна сезона, болницата „Мајка Тереза“ во Чаир ќе се загрева на нов систем со...

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

ЦРН БИЛАНС: Починаа уште 6 лица во Македонија како последица од корона, уште140 нови случаи на ковид-19!

Во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Златната боја е боја на силата, храброста и упорноста, и е симболична боја за нашите мали, големи херои.

Пуштени 500 златни балони во знак на поддршка и подигнување на свеста за малигните болести кај децата и адолесцентите

Денеска пуштивме 500 златни балони во знак на поддршка и подигнување на свеста за малигните...

Филипче оствари средба со Никола Бартолини - шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје.

Филипче: Со 4 милиони евра од ЕУ обезбедуваме опрема во здравството и го зајакнуваме здравствениот систем

Со 4 милиони евра од ЕУ обезбедуваме опрема во здравството и го зајакнуваме здравствениот...