Во моментов освен Клиниката за инфективни болести со модуларната болница во нејзин склоп и Институтот за белодробни заболувања ТБЦ, работат и четири ковид центри на интерните клиники и тоа на Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за неврологија, Клиниката за Нефрологија и Клиниката за гастроентерохепатологија.

Објавил: Перо Милчин | 19 ноември, 2020 7:43

ФИЛИПЧЕ СО ДИРЕКТОРИТЕ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ: СЕ РАЗГЛЕДУВА МОЖНОСТА ЗА ОТВАРАЊЕ НА НОВИ КОВИД ЦЕНТРИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство, доц д-р Венко Филипче одржа состанок со директорите на сите клиники од клиничкиот комплекс Мајка Тереза во Скопје, на кој беше разгледана моменталната епидемиолошка состојба во однос на бројот на позитивни и болни пацинети, пациенти кои побарале и имале потреба од хоспитализација, наспроти бројот на слободни места и капацитетите на клиниките, како и можноста за отварање на нови ковид центри доколку за тоа има потреба.

Во моментов освен Клиниката за инфективни болести со модуларната болница во нејзин склоп и Институтот за белодробни заболувања ТБЦ, работат и четири ковид центри на интерните клиники и тоа на Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за неврологија, Клиниката за Нефрологија и Клиниката за гастроентерохепатологија.

Деновиве се работи на средување на доводот на гасови на Клиниката за уво нос и грло и на Клиниката за очни болести кои до крај на неделата се планира да почнат да примаат пациенти – рече министерот Филипче.

Тој побара од директорите на хируршките клиники и директорот на Клиниката за кардиологија да достават план за ослободување на дел од капацитетите за ковид пациети доколку за тоа има потреба во престојниот период.

Засега имаме стабилни бројки и според епидемиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни. Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио – рече министерот Филипче на состанокот.

Освен за просторните можности, се разгледуваше и распоредот за ротација на лекари и на друг медицински персонал во ковид центрите каде за тоа има потреба, секако притоа водејќи сметка да не се запре со редовната работа на хируршките клиники.

Состојбата е сериозна и целиот задравствен персонал вложува надчовечки напор да го одржи системот и да ги згрижи сите пациенти. Ни претстои период во кој треба да останеме смирени и да го дадеме максимумот и како лекари и како институции – истакна министерот на состанокот.
Во наредните неколку дена се очекува да се разгледаат предлозите за отварање на дополнителни капацитети на сите клинки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела.

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 11 ДО 17 ЈАНУАРИ, 2021Г: НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ, ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ОЗДРАВЕНИ ЛИЦА

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 11 до 10 јануари...

Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.

ДАРУВАЊЕТО КРВНА ПЛАЗМА НАЈВИСОК ЧИН НА ХУМАНОСТ, ДОСЕГА ОБЕЗБЕДЕНИ 802 ЕДИНИЦИ, ТРЕТИРАНИ 661 ПАЦИЕНТ

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици...