Во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2020 17:59

Филипче: Со отворање на границите и аеродромите нема да се зголеми бројот на дијагностицирани пациенти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во петок се отвораат границите, а мноумина се прашуваат дали со тоа потенцијално ќе се зголеми и бројот на заболени во земјава, но според министерот за здравство Венко Филипче, тоа не игра голема улога во зголемување на бројот на ново дијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик, изјави министерот за здравство Венко Филипче за време на попладневната посета на Клиничка болница-Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095.

-Како што е познато на почетокот на кризата имавме случаеви кои дојдоа од странство, но тие беа ризик за мал број контакти во нивната непосредна околина. Доколку се почитуваат превентивните мерки тогаш овој ризик практично се сведува на минимум. Неможе ниту една држава од светот да живее сама во себе затворена со затворени граници. Сметам дека отворањето на границите со контролата што ја имаме, односно термалните камери на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, сметам дека нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти, посочи министерот Филипче.

Инаку во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19.

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како последица на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децениски напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости”.

Гутереш: Пандемијата доведе до најголемо нарушување на образованието во историјата

Денеска Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации рече дека оваа...

Вчера во земјава беа регистрирани 74 нови случаи на ковид-19 , а на врвот е Скопје, со 14 заболени. Во главниот град до сега има 1.372 активни случаи на коронавирус.

Во овие два македонски града нема ниту едeн активен случај на коронавирус

Верувале или не во Македонија има и градови каде нема ниту еден заразен со вирусот...

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.

Ќе ги отвори ли Грција конечно границите за македонските државјани?

Границите со соседна Грција и натаму остануваат затворени за сообраќај целосно до...

Веќе е речиси извесно дека училиштата во земјава, каде бројот на деца е многу мал ќе имаат редовна настава со секојдневно одење во училиште, единстевно што треба да договорат е како ќе работат оние училишта каде има огромен број деца во паралелките.

ШКОЛИТЕ СО МНОГУ ДЕЦА ВО КОМБИНИРАНА НАСТАВА, ОСТАНАТИТЕ РЕДОВНО ВО ШКОЛО?

Претставнивници од Министерството за образование и наука, денеска и утре на состанок...