Продолжуваме и во следниот период да го унапредуваме јавното здравство“, потенцираше министерот Филипче.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јуни, 2020 10:56

Филипче: Со укинување на квотите го решивме деценискиот проблем, сега има лекови за сите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека е решен деценискиот проблем со укинувањето на квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава, и посочи дека сега граѓаните имаат достапни лекови во секое време.

Мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт во аптеките започна во месец август 2019 година.

„Веќе десетти месец како лекови има во секое време, било да е тоа на почетокот, на средината или кон крајот на месецот. Граѓаните имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. Тие повеќе не прават домашни залихи и не стравуваат дека ќе останат без потребниот лек. Со оваа мерка која ја имплементиравме најмногу им помогнавме и на пензионерите. Се грижиме максимално за нивното здравје. Горд сум што ги решаваме најкрупните и најважните сегменти од јавното здравство. Докажавме дека пациентот ни е на прво место. Го зајакнавме нашиот здравствен систем. Продолжуваме и во следниот период да го унапредуваме јавното здравство“, потенцираше министерот Филипче.

За потсетување, оваа мерка за укинување на квотите за лекови на рецепт во аптеките започна во месец август 2019 година. Тоа беше прва фаза во аптеките во регионите на туристичките места Охрид, Дојран, Гевгелија, Ресен и Струга. Минатата година, на први октомври, се укинаа целосно квотите во аптеките на територија на целата држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во доцните ноќни часови, викендите и празниците, болните деца се носат во Струшката болница. Таму, пак, сликата е поинаква. Полни ходници деца, бидејќи Детското одделение, покрај од струшко, опслужува пациенти и од Дебар и Охрид

Хаос во детското одделение во охридската Општа болница, децата се носат во Струга

Детското одделение во охридската Општа болница една година не хоспитализира пациенти,...

Поради тоа во аптеките се принудени да го ограничат давањето на таблети на лицата заболени од дијабетис. Се даваат помалку кутии од потребните.

Бројот на дијабетичари се зголемува, а терапија нема

Светскиот ден на дијабетисот кај нас се одбележува со недостаток на инсулинска терапија...

Според вработената на Онкологија, пофлагрантно се кршат прават на пациентите во ноќната смена, а скапите терапии за рак, според неа, се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.

На Онкологија се препродаваат лекови, тврди вработена на клиниката

Жена вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија во изјава за „Алсат“ сведочи...

Во известувањето се додава дека јавноста ќе биде навремено информирана кога министерот ќе назначи нови директори на двете клиники, согласно законските процедури.

Оставки на Клинички, од директорските места заминуваат Софијанова и Васев

Оставка поднеле директорката на Детската клиника, доктор Аспазија Софијанова и директорот...