Филипче оствари средба со Никола Бартолини - шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје.

Објавил: Стојче Бушин | 18 септември, 2020 10:32

Филипче: Со 4 милиони евра од ЕУ обезбедуваме опрема во здравството и го зајакнуваме здравствениот систем

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со 4 милиони евра од ЕУ обезбедуваме опрема во здравството и го зајакнуваме здравствениот систем, рече министерот за здравство, Венко Филипче!

Филипче оствари средба со Никола Бартолини – шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје.

Го финализираме стратешкиот документ – 10 годишната стратегија за развој на здравството.

Се заблагодарувам за целокупната поддршка која ЕУ и ја дава на нашата земја низ годините, особено во изминативе месеци со справувањето со пандемијата ковид-19, рече министерот!

Нашите здравствени работници се целосно заштитени со опрема и средства за дезинфекција. Го даваме својот максимум за нивна грижа на работното место. Денешниот Светски ден посветен на безбедноста на пациентите, годинава СЗО акцентот го става и на безбедноста на здравствените работници, под мотото „Безбедни здравствени работници, безбедни пациенти“. Горд сум на моите колеги кои особено во пандемијата со ковид-19 ја докажаа нивната стручност, хуманост и пожртвуваност за пациентите. Продолжуваме да се грижиме за нив, да ги мотивираме и да го унапредуваме нивниот статус, рече Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Куба има 9 лекари на 1.000 жители, најмногу на светот според Светската здравствена организација. 

ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА: Куба е подготвена да ѝ помогне на земјава да се справи со коронакризата

Кубански лекари се подготвени во секое време да и помогнат на Земјава доколку е потребно,...

Освен до директорите, Комисијата за заразни болести на состанок ги повика денеска и главните медицински сестри. Ќе има ротација на сестри, техничари, болничари и хигиеничари кои ќе треба да бидат на испомош на Инфективната клиника и модуларната болница.

Филипче за Сител: Ќе се зголеми бројот на тестови и капацитетот за третман на Ковид-19

Сите интерни одделенија во болниците низ државата ќе станат ковид центри. Интернистите...