Бескрајно сум благодарен и горд на моите колеги за нивниот успех, на семејството на Емилија за нивната големина, човечност и хуманост и на семејството Огненовски на довербата кон нашите лекари, се заблагодари Филипче!

Објавил: Стојче Бушин | 23 мај, 2020 18:01

ФИЛИПЧЕ: Срцето на Емилија Динева чука во градите на Иван Огненовски!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ден полн со емоции за сите. За семејството Диневи кое пред неколку дена ја загуби својата сакана мајка и сопруга, Емилија Динева, за семејството Огненовски чиј татко и сопруг доби втора шанса за живот!

Откако на Емилија Динева и беше дијагностицирана мозочната смрт, нејзините најблиски одлучија да ги донираат нејзиното срце и бубрези.

Сега срцето на Емилија Динева чука во градите на Иван Огненовски, а нејзините бубрези спасија живот на двајца пациенти кои со години беа на дијализа, вели министерот Филипче!

Откако на Емилија Динева и беше дијагностицирана мозочната смрт, нејзините најблиски одлучија да ги донираат нејзиното срце и бубрези!

Ден полн со емоции и за мене како човек, како хирург и на крајот како министер за здравство. Ова е историски ден за сите нас и за нашето здравство.

Благодарение на тројцата врвни каридохирурзи Проф. д-р Сашко Јовев од Државна Кардиохирургија, д-р Жан Митрев од клиниката “Жан Митрев”, Проф. д-р Александар Николиќ од клиниката “Аџибадем Систина” и д-р Маја Мојсова Мијовска од КАРИЛ направена е правата успешна трансплантација на срце во нашата земја.

Бескрајно сум благодарен и горд на моите колеги за нивниот успех, на семејството на Емилија за нивната големина, човечност и хуманост и на семејството Огненовски на довербата кон нашите лекари, се заблагодари Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, е човек кој посветува многу внимание на неговата диета и на сопственото здравје.

БИДЕТЕ ЗДРАВИ КАКО ДРЕН: Откриено што појадува Новак Ѓоковиќ- сите можеме да го купиме!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, секој ден јаде суров целер. Најдобриот...

Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство, вели Филипче!

(ФОТО)Ова е прекрасното семејство на Емилија Динева кои дадоа живот на три семејства во Македонија!

Министерот за Здравство, Венко Филипче утрово се сретна со семејството на починатата...