Во Македонија има шест (6) пациенти кои боледуваат од пулмонална хипертензија и не е јасно зошто пациент во влошена состојба треба сам да си ја бара терапијата што му следи

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 5:35

Филипче тврди имало лекови, но пациентот починал, па не ја зел терапијата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерството за здравство соопшти дека преку Здружението „Момент плус“, било информирано за состојбата на пациентот, кој почина пред неколку дена од пулмонална хипертензија.

Оттаму велат дека министерот Венко Филипче обезбедил лекови за пациентот, поради неговата претходно влошена здравствена состојба, но како што објаснуваат, тој воопшто не дошол да ја прими терапијата и починал.

Како што појаснуваат од министерството, пациентот не боледувал исклучиво од пулмонална хипертензија, која ја сметаат за ретка болест, туку дека таа била само последица од неговите примарни кардиолошки заболувања.

Инаку за ваквите болести, како што се наведува, министерството ги има обезбедено сите лекови кои се потребни за третман и лекување.

Во моментов во Македонија има шест пациенти со ваква ретка болест и за сите нив се обезбедени терапиите кои им се неопходни.

За сите пациенти кои ја добиваат оваа болест како последица од други заболувања, овие лекови ќе бидат достапни на позитивната листа, порачуваат од министерството.

Но, како што велат оттаму, измените на позитивната листа на лекови се во тек и се во Собраниска процедура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во доцните ноќни часови, викендите и празниците, болните деца се носат во Струшката болница. Таму, пак, сликата е поинаква. Полни ходници деца, бидејќи Детското одделение, покрај од струшко, опслужува пациенти и од Дебар и Охрид

Хаос во детското одделение во охридската Општа болница, децата се носат во Струга

Детското одделение во охридската Општа болница една година не хоспитализира пациенти,...

Поради тоа во аптеките се принудени да го ограничат давањето на таблети на лицата заболени од дијабетис. Се даваат помалку кутии од потребните.

Бројот на дијабетичари се зголемува, а терапија нема

Светскиот ден на дијабетисот кај нас се одбележува со недостаток на инсулинска терапија...

Според вработената на Онкологија, пофлагрантно се кршат прават на пациентите во ноќната смена, а скапите терапии за рак, според неа, се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.

На Онкологија се препродаваат лекови, тврди вработена на клиниката

Жена вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија во изјава за „Алсат“ сведочи...

Во известувањето се додава дека јавноста ќе биде навремено информирана кога министерот ќе назначи нови директори на двете клиники, согласно законските процедури.

Оставки на Клинички, од директорските места заминуваат Софијанова и Васев

Оставка поднеле директорката на Детската клиника, доктор Аспазија Софијанова и директорот...