
Македонија
Вести
Вчера министерот за здравство Венко Филипче ја коментираше одлуката на Комисијата за заразни болести хронично болните да се вратат на работа, која нема да важи за лицата кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста и при тоа истакна дека доколку се почитуваат мерките за заштита нема да има ризик.
-Разгледувавме повеќе аспекти кога го дискутиравме ова прашање. Не е ад хок одлука, туку е резултат на дискусија којашто ја водиме на повеќе состаноци веќе изминатите повеќе од три недели. Суштината е дека практично за сите економски оператори, за сите компании и сите организации има протоколи по коишто се работи. Премногу е широка листата во наши услови на хронични болести, луѓе коишто имаат практично сосема нормални животни активности и никако не се доведуваат во ризик доколку ги почитуваат протоколите на своите работни места. Во таа смисла е донесена одлуката да се даде препорака пациентите коишто имаат дијагноза хронична болест и оние коишто имаат малигни болести, практично се вратат на своите работни места. Не одат на работа само тие кај коишто лекарот специјалист ќе укаже дека има состојба која што се вика егзацербација, односно влошување во рамките на хроничната болест и истата бара некаков акутен третман. Притоа и е дополнителен ризик по здравјето на пациентот. Тоа е препораката, оставаме на стручноста, експертизата на лекарите специјалисти да направат соодветна проценка, објасни Филипче и додаде дека и натаму најризичните категории остануваат заштитени.
Филипче рече дека се уште немаат доволно информации за тоа како коронавирусот влијае врз бремените жени, и поради тоа за нив останува на сила мерката трудниците да бидат ослободени од работа.
-Сметаме дека кај родилките е доволен ризик фактор пуштањето на останатите возрасни групи во градинките и за оваа категорија може да се почека, може да се обезбедат и средства преку МТСП коишто ќе се трансферираат во ФЗО за исплата. Ова е категорија којашто и понатаму ќе ја мониторираме до нова година, па ќе видиме како ќе биде состојбата, изјави Филипче и додаде дека дополнително ќе се дискутира во наредните денови и ќе се донесе одлука се родителите на децата до 10 години коишто се сега ослободени од работа.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.