
Македонија
Здравство
Министерството за здравство информира дека изминатите три години на Универзитетската клиника за неврохирургија се реализирани бројни инвестиции за унапредување на условите за третман на пациентите и кадровско зајакнување на установата.
За 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување. Истиот е целосно реновиран и обезбедена е нова медицинска и немедицинска опрема, како и нова централна климатизација на овој оддел, вели Филипче.

Извршивме комплетно реновирање и на стационарниот оддел на клиниката, со поставување тоалети во секоја болничка соба.
Реновирана и целосно опремена е и детската соба, наменета за најмладите пациенти на оваа клиника. Ги подобруваме условите во нашето јавно здравство за подобри здравствени услуги на пациентите и подобри работни услови на здравствените работници“, изјави министерот Филипче.
Досега се направени 16 трансплантации на коскена срцевина од несроден дарител. Со ова, Македонија е на мапата на светски медицински центри за лекување на најтешките заболувања на крвта.
Првата несродна трансплантација ја спроведовме во ноември 2018 година на Клиника за хематологија. Пациентите повеќе не се упатуваат во странство за оваа интервенција. Го остваривме сонот на една цела генерација хематолози, потенцираше Филипче!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.