„Пораката која денеска ја испраќаме е во секој момент, секој од нас да внимава што остава зад себе.

Објавил: Перо Милчин | 15 декември, 2019 10:04

Филипче: Ѓубрето треба да биде фрлено во отпад, а не на улица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вработените во Министерството за здравство вчера се приклучија на акцијата – Администрацијата чисти со граѓанската организација „Не биди ѓубре“.

Министерот за здравство, Венко Филипче и вработените во Министерството, беа во општина Гази Баба, на улица Индустриска.

„Пораката која денеска ја испраќаме е во секој момент, секој од нас да внимава што остава зад себе. Целиме кон Европа и време е така секој од нас да размислува. Да се потрудиме градот да биде чист секогаш и секој ден, да не е ова само акција која ќе трае денес, а утре ќе се заборави. Секое ѓубре треба да биде фрлено во отпад, а не на улица. Повикуваме на грижа за околината во која живееме“, истакна министерот Филипче.

„Пораката која денеска ја испраќаме е во секој момент, секој од нас да внимава што остава зад себе, вели Министерот Филипче.

Вчера скоро 40.000 административци поддржани од премиерот Зоран Заев чистеа низ целата земја.

Акцијата ја организираше Владата заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, а меѓу административците имаше директори, министри, градоначалници, судии, обвинители.

Присуствуваа и Вилма Русковска, шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. 

Таа со ќеса и ракавици, заедно со неколку вработени, се појави пред гаражата “26 јули” за да се приклучи на акцијата за чистење на градот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оние работи што ги истражувавме денеска укажаа на тоа дека многу наши граѓани кои имаат и друго државјанство брзале да се вратат за да не ги изгубат своите работни места, па во земјите во кои влегуваат ги користат тамошните пасоши.

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство,...

Пандемијата ги погоди речиси сите бизниси, но според членовите на Асоцијацијата, Владата различно ги третира државните и приватните установи за згрижување деца иако тие реализираат иста дејност и одговараат пред ист Закон.

Од приватните градинки алармираат дека ќе отпуштат 600 работници ако не добијат помош од државата

Стотици згрижувачки и друг персонал од приватните градинки ќе остане без работа, илјадници...

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари.

ПАРКИНГОТ НА ВОДНО ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ГО ИСКОРИСТИЛЕ 245 ВОЗИЛА

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците...