Државните болници кои немаат доволно лекари, експертиза и работат со намален капацитет или ќе се затворат или ќе се дадат на приватни инвеститори. Министерот за здравство како пример ја посочува кочанската болница, каде вели има само 1% искористеност на болничките кревети, нема кадар, па пациентите постојано се препраќаат во најблиските клинички центри.
Во јуни ќе се знае дали и кои установи ќе добијат клуч на врата, кога треба да завршат физибилити студиите на здравствените власти.
Ние во таа насока ќе ги отвориме вратите за потенцијални привани инвестиртори, се надевам ќе покажат интерес како што има примери во другите држави. Во една Германија државата не ги поседува зградите на болниците, туку зградите припаѓаат на инвеститори, а државата само ги купува услугите“.- изјави Венко Филипче – министер за здравство.
Здравствените власти уверуваат дека ЈПП нема да значи дека пациентите ќе плакаат поскапи услуги или пак дека здравствени работници ќе останат без работа. За младите лекари пак, секоја загуба на јавна здраствена институција е загуба за државата и за граѓаните. Дел од нив се сомневаат во ефектите што ќе се постигнат со примената на овој модел во здравствениот систем.
„Тука останува недефиниран процесот на едукација на младиот кадар, така да во секој случај додека не се дефинираат обврските кои што јавно приватниот партнер би ги имал спрема кадарот сме против избрзани решенија, во секој случај секоја загуба на јавна здравствена инситуција е загуба за населението околно и за државата пред се, во никој случај јавна здравствена установа не може да биде конкурентна на приватна, јавниот здравствен интерес е интерес на цела држава така што мора да се запази првенствено инвестиција во луѓе, во инфраструктура, тоа е мерка со која ќе ги зајакнеме јавните здраствени установи.“ – изјави д-р Божидар Кочоски – Асоцијација на специјализанти и млади лекари.
На ваквите најави на здравствените власти претходно остро реагираа од синдикатот на клиничкиот центар. Вработените на Клинички не го прифаќаат концептот за јавно приватно партнерство. За нив тоа ќе значи уништување на државното здравство.
„Треба да се изземе од планирање при вакви и слични реформи во јавното здравство.“ – вели д-р Горан Беговиќ – Претседател на Самостоен Синдикат на Клинички Центар.
Според премиерот Зоран Заев пак, на овој начин власта правела храбри и авангардни чекори за подобрување на здравството. За разлика од лекарите, премиерот Заев вели дека мора да има конкуренција помеѓу приватното и јавното здравство. „Тој што ќе понуди најквалитетни услуги за пациентот, таму Фондот мора да плати“ – порача денеска премиерот од Охрид.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.