Министерот Филипче изјави дека дел од стратегијата е удвојување на бесплатните сезонски вакцини против грип. Тој вели дека вакцината нема да биде задолжителна, но тоа е важна мерка за заштита против Ковид 19, особено за луѓето од најранливите групи!

Објавил: Стојче Бушин | 9 август, 2020 13:08

Филипче: Ќе се удвои бројот на бесплатни вакцини против сезонски грип

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Зајакнување на болничките капацитети, брзо тестирање, зголемување на медицинскиот персонал се дел од чекорите што Министерството за здравство ги презема како подготовка за евентуален нов бран на корона вирусот оваа есен. Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за Алсат вели дека продолжува изградбата на модуларни болници во 16 општини низ земјава.

Прво ги спремаме 16-те Ковид центри по примерот на модуларната болница до Инфективната клиника, за да се зголеми бројот на болнички кревети во сите болници ширум државата, и целосно да се оделат овие пациенти со Ковид-19. Во секоја од овие 16, ќе ги наречам Ковид центри ќе има брза диагностика. Да се знае веднаш после приемот дали пациентот е носител или не на вирусот, да се знае по која патека да се движи.

Понатаму разговор со младите лиценцирани лекари, тие веќе прифатија огромен дел од нив кои што добија лиценца пред неколку недели, да работат со своите постари колеги“- изјави Венко Филипче, Министер за здравство.

Министерот Филипче изјави дека дел од стратегијата е удвојување на бесплатните сезонски вакцини против грип. Тој вели дека вакцината нема да биде задолжителна, но тоа е важна мерка за заштита против Ковид 19, особено за луѓето од најранливите групи.

 Ќе ги ваксинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има ваксина и за здравствените работници, за трудниците…тие кои што сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одзив, и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, заради што за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата битна, кога се соочуваме со болест за која што нема вакцина“-рече Венко Филипче, Министер за здравство.

Околу сегашниот медицински персонал, министерот Филипче вели дека во моментов нема недостаток на специјалисти. Тој додаде дека лекарите почнале да ги користат одморите, по план и во координација со директорите на болниците, така што во ниту еден момент не се оставени клиниките без специјалисти и соодветен персонал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Чекориме розово, чекориме со грижа за пациентите со рак на дојка. За нивна поддршка и третман. Race for the cure.

Филипче: Сите пациенти со рак на дојка имаат терапија, и во услови на Ковид-19 имаат пристап до здравствени услуги

Сите пациенти со рак на дојка имаат терапија и пациентите повеќе не се упатуваат во...

Сокот од рибизла е исклучително здрав, бидејќи е одличен извор на антиоксиданси за нашето тело. Сепак, препораката е рибизлите (како и други овошја) да користат свежо, затоа сезонско овошје, т.е. свеж сок добиен со цедење.

Го зајакнува имунитетот, го намалува крвниот притисок, спречува пневмонија и РАК: Овој домашен сок е чисто злато(РЕЦЕПТ)

Иако потекнува од Северна Азија и Европа, рибизлата е овошје кое е релативно популарно...

Благодарност до директорот Арсенков и целиот стручен колегиум за ангажманот за подобар третман на пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници.

Целосно реновиран третиот кат во старата градска болница

Целосно е реновиран третиот кат во старата градска болница. Поставен е нов под, прозорци,...

Само во текот на оваа година на телефонскиот број 193 досега се пријавени 49 огнови на отворено. Минатата 2019 година биле пријавени 162 огнови на отворено, во 2018 година - 251, а во 2017 година кога почна оваа кампања, за неполн месец биле пријавени 54 огнови на отворено.

ГРАД СКОПЈЕ: НА 193 ПРИЈАВЕТЕ ОГАН НА ОТВОРЕНО, ПРОДОЛЖУВА БОРБАТА ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

На почетокот на есента и речиси еден месец пред почетокот на грејната сезона Градот...