Брзата помош од денеска ќе има на располагање дополнителни пет возила, кои го доби од армијата, за справување во битката со коронавирусот.
Во кругот на поликлиниката Букурешт денеска беа предадени воено санитетски возила од Армијата на времено користење на јавното здравство со цел да се помогне во справувањето со пандемијата и грижата за населението.
Од денеска на располагање имаме 5 болнички возила од Армијата кои ќе ги користиме за транспорт на пациенти. Се заблагодарувам на министерката Шекеринска и началникот на генералштабот за мобилизацијата на Армијата да помогне во справувањето со ковид-19 кризата.
Оваа помош ќе го зголеми бројот на тимови кои ќе бидат на располагање за брз транспорт на пациенти, а во возилата ќе се користат и транспортните респиратори кои ги добивме како помош од НАТО, рече Филипче!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.