Затоа и ние сме сами дома, без него... Затоа што ги избра Македонија и борбата за најзините права пред сите нас дома...

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 април, 2021 9:05

ФИЛИП АНГЕЛОВ: Лути сме на сите неправди за татко ми

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ИСКРЕНО ЗА ТАТО ГОРАН

Повеќе ви припаѓа вам, граѓаните на Македонија, отколку нам дома.

Последниве години повеќе го гледаме на вашите профилни слики, на вашите статуси, во вашите приказни, отколку што го гледаме ние, домашните.

Да не ме разберете погрешно, немаме против. Мило ни е што народот го сака и го цени неговото дело.

Долго време, уште пред да го затворат тој беше оддалечен од нас, како да знаеше што и’ спремаат на Македонија.

Деновите ги поминуваше загрижен на негов начин, во муабети со пријателите и другарите, во расправи и кавги со сите кои не можеше да ги разубеди дека на Македонија не и се пишува добро со доаѓањето на новата власт. Сакаше да биде напред, да го чујат како вика и опоменува за црните облаци над Македонија.

Беше гласен и знаеше како да допре до народот, си имаше тој негов начин. Затоа и кога дојде време оваа чума од власт да ја раководи земјата, него го затворија. Им пречеше секој што допира до народот. Им пречеше секој кој беше спремен да излезе напред и да стои исправен во одбраната на Македонија.

Ќе фати 4 години како е во затвор. Скоро 4 години мајка ми бел ден нема видено. За неа, еден ден е вечност без него, не па 4 години.

Ама трпи, заради нас, а најмногу заради сестра ми, таа е многу поврзана по татко ми. Лесно се крши кога ќе го споменеме дома, и’ недостасува.

Понекогаш се прашувам од каде и’ е на мајка ми силата, од каде сила за да се справи со овој нејзин тежок живот.

Вели, немајте гајле, важно е да сме живи и здрави, се’ ќе помине. А, знам дека само сака да не’ смири, утеха да ни’ даде, ја чувствувам. Мислам нема похрабра жена на цел свет, верувајте ми. Низ многу минува…На крајот од денот, таа само го почитува аманетот кој и’ го остави татко ми во една од нејзините посети во затворот.

Имаш деца даги изнесеш на пат, нема поважно од тоа!

Лути сме дома на сите неправди, на тоа што го осудија за нешто што нема сторено. Им пречеше, сакаа таквите да ги затворат, да не им пречат додека ја парчат Македонија. Ги осудија како терористи, за подолго да се внатре, за секој случај да не’ излезат и да не’ им попречат на оние што ја крадат и парчат Македонија.

Во Недела, да дојдете сите на протестот пред влада!

Ова е можеби најважниот момент во нивните животи откако се во затвор. За нив немало посветол момент од овај. Знам дека за татко ми нема! Ова му е нешто најважно! Поврзан е со луѓето, со народот и со земјата! Многу му значат.

Затоа и ние сме сами дома, без него…

Затоа што ги избра Македонија и борбата за најзините права пред сите нас дома…

Се гледаме во недела, во 11 часот пред влада, сакам да ве чујам и видам како им испраќате порака за тоа дека не се сами! Се гледаме!

Пишува Филип АНГЕЛОВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Затоа што тоа е право на самоопределување, тоа е чувство. И не постои договор кој што го договара начинот на тоа како се чувствувам, и каков јазик ние зборуваме. И на крајот, тоа е европска вредност.

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ! Вели Заев, во Ресен, на 5...

Кога претседателот и Владата во мир не можат да се искоординираат, каква координација ќе имаат за време на војна, може само да се претпостави? Господ напомош со оваа марионетска и крајно неодговорна власт во државата Македонија, за што мора да сноси последици!

НЕКООРДИНАЦИЈА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ВЛАДАТА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА СЕВЕРНАТА И ЈУЖНАТА ДРЖАВНА ГРАНИЦА ОД ИЛЕГАЛНА МИГРАЦИЈА!

Дерогацијата на уставната положба на Претседателот на Републиката како Врховен командант...

Македонскиот претставник на Песна за Евровизија, младиот струмичанец Васил Гарванлиев, во телевизиско интервју се пофали дека има и бугарско државјанство!

Освен заедничка историја, со Бугарите сега имаме и заеднички пејач за Евровизија!

Без намера да ги оспорам потврдените музички квалитети на младиот уметник и неговото...