Македонија
Вести
Музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК, загина во пожарот во Кочани, јавува штипската телевизија Стар.
Стевановски бешее продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.
Стевановски своето основно образование го завршил во Куманово. Своето школување го продолжува во „Илија Николовски – Луј“ Скопје, а подоцна своето образование го усовршува во Америка.
Завршува два факултети вокално инструментален оддел класична музика и џез оддел.
Филип Стевановски беше неодамна назначен и за директор на Центарот за култура во Штип.
Според последните информации досега загинати се 59 лица откако пожар го зафати клубот „Пулс“ во Кочани.
Од него, се прости и пејачката Бојана Скендеровски.
Screenshot
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.