Парична награда за Таско и Малена

Објавил: Калина Мартинска | 27 октомври, 2024 11:50

Финалето на „Макфест“ заврши без победник, но со 20 музички промоции

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Саботната вечер на 16. Октомври се одржа втората финална вечер од  39-тото издание на фестивалот на забавна мелодија „Макфест“.

Пред присутните во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип и пред гледачите на првиот канал на МРТВ беа претставени вкупно 20 композиции поделени во четири блока од по пет изведувачи.

Вечерта на сцената први со песна ја отворија водителите Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски кои покажаа афинитет за пеење, па се потрудија да звучат пристојно за изведба на неколку познати макфестовски рефрени.

Следни беа петте дебитанти од првата фестивалска вечер кои добија можност да пеат во финалната ревијална вечер на фестивалот, додека меѓу блокови од зад сцената се водеа куси раговори со пејачите кои беа следни на ред пред да настапат.

Изведбите беа збогатени со инструменталистите од оркестарот во позадина, додека изведувачите има привилегија да ги исполнат своите нови песни во живо.

По младите музички надежи следеа исполнувачи  кои макфестовската сцена не ја газат за првпат, искусни, етаблирани, па и такви со дебело искуство зад себе како Дарио.

Тука беа и Димитар Андоновски, Антониа Гиговска, Дани Димитровска, Симона Поповска…

Па како шлаг на крајот во последниот музички блок беа издвоени тие што решија да учествуваат ревијално и уште еднаш да стнат дел од историјата на „Макфест“, некои дури и за првпат исполнители како Елена Ристеска.

Иако 39-от „Макфест“ намаше натпреварувачки карактер и победничка песна, сјајот остана со блесок на надеж дека во иднина ќе излезат нови рефрени кои ќе се паметат и ќе се слушаат како и сите оние што ги знаеме четири децении наназад.

За крај, вечерта заврши со награда и тоа единствената предвидена за годинава.

Песната „Сафир“, испеана во дует од Таско и Малена беше прогласена за најслушана песна меѓу двата фестивали и освои парична награда од 120 илјади денари, а наедно со изведбата на истата беше затворен фестивалот.

Елена Ристеска се враќа на сцената со песната „Ме боли за сѐ“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.