„Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“ - напиша пратеникот на Фејсбук.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 ноември, 2021 9:36

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ВО ДОМОТ НА ПРАТЕНИКОТ ЈОВАН ЈАУЛЕСКИ

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, утринава на социјалната мрежа Фејсбук објави дека во неговиот дом упаднала Финансиска полиција.

„Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“ – напиша пратеникот на Фејсбук.

Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение:

Тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово, упадна финанасова полиција и МВР на Спасовски на денот на гласање за доверба на влада, значи само дека режимот на Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците. Таквите методи својствени за Чаушеско ќе бидат жестоко поразени“.

Денеска, во Собранието во 11 часот треба да започне седница за гласање на доверба на Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести