Тој го поздрави барањето на Финска и Шведска за влез во НАТО.

Апликацијата за членство во НАТО сега треба да биде одобрена од 30 земји-членки на Алијансата, пренесе Танјуг.

Објавил: Перо Милчин | 18 мај, 2022 9:56

Финска и Шведска официјално поднесоа барање за членство во НАТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерите на Шведска и Финска денеска ги предадоа барањата за членство во НАТО, а за в четврток е најавен нивен состанок со Џозеф Бајден во Белата куќа, пренесуваат повеќе светски медиуми.

Процесот за пристапување во НАТО-алијансата може да трае и до една година, а на тој пат стои и Турција која е против членството на Шведска и Финска.

Столтенберг го поздрави барањето на Финска и Шведска за влез во НАТО.

Апликацијата за членство во НАТО сега треба да биде одобрена од 30 земји-членки на Алијансата, пренесе Танјуг.

Овие две земји одлучија да аплицираат во НАТО откако се засили воената агресија на Русија врз Украина, тие сметаат дека НАТО им нуди поголема безбедност во непредвидлив период.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.