Кристијано Роналдо нема да присуствува на церемонијата

Објавил: Данаил Михајловски | 24 септември, 2018 15:30

ФИФА вечер го избира најдобриот фудбалер во светот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светската фудбалска федерација (ФИФА) вечер ќе го избере фудбалерот на годината. Двајцата најдобри фудбалери во последната деценија, Лионел Меси и Кристијано Роналдо нема да присуствуваат на свечената церемонија.

Меси не се најде во потесниот круг од тројцата номинирани. Таму се Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах.

Португалецот кој летово се пресели во Јувентус нема да патува во Лондон, наводно поради премореност и клупски обврски.

По откажувањето на присуството од страна на Роналдо, светските медиуми објавија дека наградата „The Best“ ќе оди во рацете на Модриќ.

Почетокот на церемонијата е закажан за 20 часот и 30 минути.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.