Обвинителство

Објавил: Калина Мартинска | 14 септември, 2024 15:31

Формирано одделение за сложен и сериозен криминал

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во координација со јавниот обвинител на Македонија, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје донел одлука за формирање на посебно одделение за сериозен и сложен криминал кое ќе постапува по предмети за кривични дела за кои е пропишана казна доживотен затвор со поголем број обвинети и обем на докази, финансиски истраги, сложени предмети и предмети од исклучителен интерес на јавноста.

Со одделението, како што информираат од Обвинителството, ќе раководи јавниот обвинител Владимир Милошески, заедно со седум искусни јавни обвинители од скопското обвинителство.

Потребата за оваа организациска промена, според ОЈО, произлегува од зголемениот прилив на сложени криминални предмети во текот на 2024 година кои произлегуваат од неколку индикатори помеѓу кои ги наведуваат измените на Кривичниот законик, особено во однос на кривичното дело – злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 и измената на членот 98-а за проширена конфискација во истиот закон, што, според нив, бара поинаква внатрешно – институционална поставеност и зголемен ангажман на јавните обвинители уште во предистражна постапка, заради навремени финансиски истраги.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.