Останете дома! И следете ги препораките на надлежните за полесно да ја пребродиме оваа пандемија, порача братот на Ахмети.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 март, 2020 10:34

(ФОТО)Али Ахмети се самоизолирал во родното Зајас!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Братот на лидерот на ДУИ, Фекри Ахмети на својот профил на Фејсбук објави дека Али Ахмети се самоизолирал во својата куќа во родното село Зајас. 

Останете дома! И следете ги препораките на надлежните за полесно да ја пребродиме оваа пандемија, порача братот на Ахмети.

Како што објави Опуштено.мк наводно лидерот на ДУИ Али Ахмети се самоизолирал откако неговите сопартијци, му препорачале на лидерот да не доаѓа во партиското седиште во Мала Речица бидејќи кога тој е во централата се правела гужва, а со тоа се зголемувал ризикот тој или некој од партијата да се разболи.

Али Ахмети роден на 4 јануари 1959 во село Зајас) е лидер на Демократската унија за интеграција. Претходно бил политички лидер на ОНА. Има забрана за влез во САД, Швајцарија и други европски земји, бидејќи се смета за закана по општата безбедност.

Ахмети завршил литература во Тирана. Во 1980 станал член на илегалната организација „Марксисти-ленинисти на Косово“. На 5 мај 2002 во Домот на културата во Тетово, ја промовирал политичката партија ДУИ, составена главно од поранешни команданти на ОНА, на чија како единствен кандидат е избран за претседател. Членови на Централното претседателство на партијата се Гзим Острени, Азис Положани, Ризван Сулејмани, Хазби Лика, Хисни Шакири, Теута Арифи, Муса Џафери, Назми Бекири и Рафис Халити.

На Ахмети му била дијагностицирана шизофренија од страна на психијатри во Швајцарија, поради што и беше прогласен за неспособен за труд.

Одлежал две години затвор за „противуставна дејност“ во Македонија.

Голем дел од етнички македонските граѓани на Македонија го сметаат за терорист и одговорен за злосторствата над 12 киднапирани Македонци во Тетовско, работниците на Маврово, масакр кај Карпалак, масакр кај Вејце, исклучување на водата за пиење за Куманово од браната Глажња. По случајот на 12 киднапирани Македонци од Тетовско, адвокатот Ванчо Шехтански побарал притвор и кривично гонење на Али Ахмети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Покрај оваа одлука на Седницата на Советот за безбедност ќе се донесе и мерката да нема групирање на повеќе од 20 лица на одреден простор.

ЕКСКЛУЗИВНО: Вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели

 Канал 5 дознава дека вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели! Покрај...

Реис Ул Улема Шакир Фетаи од денеска е прв човек на ИВЗ, а го наследува Сулејман Реџепи кој речиси 30 години беше исламски верски поглавар во земјава.

ИВЗ го доби новиот поглавар!

Од денеска стапи на функција новиот поглавар на Исламската верска заедница во Македонија. Реис...