Пожари во Македонија

Објавил: Калина Мартинска | 17 јули, 2024 12:49

ФОТО+ВИДЕО: Романските „Спартан“ и „Херкул“ слетаа во Скопје, ќе гаснат пожари со водни бомби

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Романските авиони „Спартан“ и „Херкул“, кои како дел од меѓународната помош се испратени во Македонија, слетаа на скопскиот аеродром.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека авионите наскоро ќе се вклучат во гаснењето на пожарите кои се активни во земјава.

Романскиот „Спартан“ ќе гасне пожари со таканаречени водни бомби од пет тони. „Херкул“ ќе биде негова логистичка поддршка.

Од ЦУК утрово информираа дека во последното деноноќие имало вкупно 38 пожари на отворено од кои активни се 18.

По одржаниот утрински брифинг, пилотите ги кренаа воздухопловите и се упатија кон пожарите кои беснеат во Македонија, за нивно гаснење.

Ангелов утринава информираше дека кон пожарот на планината Серта во неготинскиот дел се испратени четири хеликоптери, два армиски, еден хеликоптер на МВР и црногорскиот хеликоптер. Кон пожарот на територија на Гевгелија, над селото Негорци ќе полетаат два словенечки хеликоптери.

Пожарот на територија на Општина Ново Село, на планината Огражден на македонско-бугарска граница ќе го гаснат еден голем српски хеликоптер кој носи пет тони вода и еден голем турски хеликоптер.

Ангелов информира дека во текот на денот ќе полетаат и сите Ер трактори, три на ДЗС и два турски заедно со хрватскиот канадер кон планината Серта од штипска страна.

-Ќе се обидеме денес да воспоставиме контрола на големиот пожар на планината Серта. На сите места каде ќе дејствуваат возддухопловите на земја има и противпожарни единици на кои им се приклучуваат 100 војници на АРМ и 30-тина припадници на полицијата, истакна Ангелов.

Пилотите рано утрово ги кренаа воздухопловите: Еве на кои пожари ќе дејствуваат

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.