Откако е почнато гласањето, МВР има регистрирано два случаи на нерегуларности.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, вели дека гласањето тече мирно, без нарушување на јавниот ред и мир.
-Во Кичево имаме фотографирано гласачко ливче, а во вториот случај, исто така во Кичево, имаме скинато гласачко ливче, вели Ангеловски.
Денеска, кога се избираат градоначалници во 43 општини плус градот Скопје, одѕивот во првите два часа, според последните податоци од ДИК, е 5,19 проценти наспроти 3, 64 отсто на 17 октомври, кога се гласаше во 81 единица на локалната самоуправа
Значително поголема излезност се забележува во првите два часа од гласањето во вториот круг од локалните избори во споредба со првиот круг, на 17 октомври, кога се гласаше во 80 општини и во градот Скопје и, освен градоначалници, се избираа и советници во општините.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.