Фатено на лице место

Објавил: Калина Мартинска | 11 август, 2024 17:57

ФОТО:МВР приведе рекетар од Скопје – се сомничи за изнуда

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Полицијата уапси скопски рекетар кој од лице што го пријавило сакал како посредник да изнуди непостоечки долг од 16.500 евра, објави МВР.

„На 10.08.2024 година од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција од слобода е лишен Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик – “изнуда”, информира полицијата.
Пред три дена 39-годишно лице го пријавило во МВР дека подолг временски период Д.М. со закани се обидувал од него да изнуди непостоечки долг во висина од 16.500 евра во име на трето лице. Според пријавата, оштетениот вчера во кафе бар во Скопје требало да му ја даде првата рата, односно 7.000 евра.

 

„По добиени насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, извршена е крим техничка обработка на паричните средства при што вчера (10.08.2024), при предавање на наводниот долг од страна на полициски службеници од Единицата за Интервентна полиција лицето е лишено од слобода и кај него се пронајдени одбележаните 7.000 евра. По добиена наредба од Основен суд Скопје извршени се претреси во домот и други простории на осомничениот.
Против Д.М. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело “измама”. Од страна на Судија за претходна подтапка на лицето му се одредени мерки за претпазливост“, додаде МВР. 

Со запалива течност предизвикале пожар покрај локален пат, определен притвор за татко и неговите два сина

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.