
Македонија
InMemoriam
Возачот кој синоќа прегази девојка кај „Сити мол“ во Скопје е приведен во полициска станица, од него се земени крв и урина за да се утврди присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи, соопшти Министерството за внатрешни работи
Вчера после 19 часот на пешачки премин загина 24-годишната В.Н, а зад воланот било 22-годишно момче (Ј.Ѓ.).
Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди.

Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш.
Момчето на загинатата Викторија. Н 24-годишниот Л.Д. нема сериозни телесни повреди и по сите направени прегледи е пуштен на домашно лекување.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.