Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство, вели Филипче!

Објавил: Стојче Бушин | 27 мај, 2020 13:52

(ФОТО)Ова е прекрасното семејство на Емилија Динева кои дадоа живот на три семејства во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за Здравство, Венко Филипче утрово се сретна со семејството на починатата Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.

На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти.

Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи. Поради нив, за првпат во земјава се изведе трансплантација на срце, а два бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти кои подолго време беа на дијализа, вели Филипче!

Министерот за Здравство, Венко Филипче утрово се сретна со семејството на починатата Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов!

.

Емилија Динева по потекло од Јосифово, а која со сопругот и фамилијата живееше во Дојран, е жената чие срце и бубрези беа донирани на тројца пациенти.

Веста за случајот предизвика бура од емоции во Македонија!
Блиски пријатели и роднини на Емилија, која го изгубила животот во сообраќајна несреќа на социјалните мрежи се простија со неа, со трогателни пораки во кои се помешани тагата поради прерано изгубениот живот, но и гордоста што се испиша историја во нашето здравство!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Според него сега е периодот на летните настинки, алергии, инфекции па докторите мора да внимаваат на тоа ваквите паценти да не ги мешаат со ковид-19.

Еве како да разликувате летна настинка од Ковид-19

Се поголем е бројот на лица кои имаат респираторни инфекции што не се предизвикани...

Тој вели дека мал број новозаразени, како што имаше кон крајот на април кога имаше по околу 20 позитивни, може да се очекуваат дури по една година, односно во април другата година.

Д-р Пановски: Со толку заразени, ни во август нема да патуваме во ЕУ

Д-р Никола Пановски во емисијата „Само вистина“ рече дека доколку бројките од коронавирусот...

Исто така, веќе подолго време, во нашата генетска лабораторија веќе се работи МОЛЕКУЛАРЕН Real time RT-PCR тест за ДЕТЕКЦИЈА НА ВИРУСОТ SARS-CоV-2 од брис, соопштуваат од клиниката!

Во лабораторијата на Zan Mitrev Clinic се изработува имунолошки тест за квантитативно одредување на – IgG АНТИТЕЛА КОН SARS-CоV-2 преку крв

Во лабораторијата на Zan Mitrev Clinic се изработува имунолошки тест за квантитативно одредување...

Во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спаси човечки живот. Секој ден на ехо ги слуша отчукувањата.

Иван кој доби срце од Емилија проговори и ја откри големата желба што ја има откако ќе излезе од болница

Сам во болничка соба под постојан надзор на медицински лица. Иван Огњановски го живее...