Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско, за својата сестра Верица, која на само 20 години го загуби животот, но нејзинот срце по синоќешната трансплантацијата почна да чука во друг млад живот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 април, 2021 16:25

(ФОТО)Ова е преубавата Верче, кое семејството ги донираше нејзините органи да се спасат други животи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Срцето и беше полно со живот, така ќе продолжи да чука – Која е Верче чие срце и бубрези беа донирани!

Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско, за својата сестра Верица, која на само 20 години го загуби животот, но нејзинот срце по синоќешната трансплантацијата почна да чука во друг млад живот.

Солзи и непребол во семејството Белчовски, за загубата на нивната најмала ќерка Верче, која несовесен возач на седми април ја удрил на пешачки премин во Струмица. Како што вели нејзиниот брат Мартин, возачот побегнал од местото, а Верче се здобила со тешки повреди кои ја чинеа живот.

-Верче не успеја да ја добие борбата за живот, низ солзи вели Мартин за ММС.

Токму таа борба за живот, сиромаштијата и невработеноста пред неполна година семејството Белчовски ги разделило во два града. Синот Мартин, кој е вработен, останал со сопругата во Берови, додека таткото Кирил, мајката Душата со двете ќерки Ана и Верица се преселиле под кирија во Струмица. Кирил уште не успеал да најде работа и по девет месеци преселба, но трите дами во семејството некако се снашле.

Јас изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција. Во Берово е многу тешко да се најде работа, затоа мајка ми и татко ми со сестрите се преселија во Струмица. Татко ми сеуште е невработен, мајка ми работеше во еден маркет, па требаше да се префрли во друг и откако се случи ова не знам што ќе биде. Постарата сестра Ана (23) работи во спортска обложувалница, а Верче работеше во кафуле. Под кирија се, мораа да заминат, од Берво се преселија бидејќи нема работа, секаде е полно и со ниски плати. Целото семејство ми отиде , само јас останав во Берово, само јас работев, вели низ солзи Мартин.

Кога семејството Белчовски сватиле дека ја изгубиле Верче решиле да бидат хумани и да ги донираат срцето и бубрезите.

-Кога сестра ми ја удриле со колата поради сериозноста на повредите однесена е дирекно во Скопје. Лекарите ни кажаа дека откажал мозокот, дека е констатирана смрт, а дека органите здрави. Без размислување се сложивме да ги донираме. Ова може секому да се случи, можело и на сестра ми да и требале органи. Во животот никогаш ниѓто не се знае. Тоа ни даде сила и затоа одлучивме да ги донираме за да спасиме нечиј живот. А сестра ми веќе ја нема и нема никогаш да ни се врати, ни рече низ Солзи Мартин.

И покрај тоа што се преселиле во Дтрумица, тие и понатаму се жители на Берово, вели градоначалникот Ѕвонко Пеќевски. Тој ММС рече дека на семејството Белчовски ќе им биде дадено признание.

-Ние како општина му стоиме на располагање на семејството, кое покажа голем гест со донирањето на органите на Верче, ни рече тој.

Министерот Филипче вчера на прес конференција објави дека донирани се срце и бубрези од млада девојка која починала поради тешките повреди добиени од сообраќајна незгода, а доцна синојка на својот Фејсбук профил и го објави стартот на трансплантацијата. Рано утрово, пак, напиша:

-Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.
Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше!

Министерот Филипче вчера на прес конференција објави дека донирани се срце и бубрези од млада девојка која починала поради тешките повреди добиени од сообраќајна незгода, а доцна синојка на својот Фејсбук профил и го објави стартот на трансплантацијата.

Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги, напиша тој во постот.
Првата трансплантација на срце кај нас беше направена пред неполна година, кога лекарите и целата македонска јавност се поклонуваше на семејството на донорот Емилија Динева. Утрово, лекарите повторно се поклонија, овој пат на Верче.
-Историска фотографија, докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи. Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејството.

Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост, напиша тој.

Превземено /Извор:ММС

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Неговата работа започна како пионер во медиумски простор по осамостојувањето на Македонија. Радио „Канал 77“, кое годинава ја одбележува 30 годишнината од постоењето, започна со работа на 4 октомври 1991 година, како прв приватен комерцијален радиодифузер.

ПОЧИНА ГОРАН ГАВРИЛОВ, СОПСТВЕНИК НА НАЦИОНАЛНОТО РАДИО КАНАЛ 77

Вчера по кусо боледување почина Горан Гаврилов (54), основач и соственик на Радио Канал...

Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од Болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост. Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив.

Потресно сведоштво на братот на музичарот Ице: Дали некогаш нешто ќе профункционира во Македонија?

Пред малку на фејзбук се огласи братот на почитаниот музичар Борче! Мојот брат Ице...

Според неофициални извори до кои дојде ИН Телевизија, познатиот музичар од кога го прележал ковид-19 вирусот имал компликации со здравјето, по што починал.

ЖАЛНА ВЕСТ: Од последици на Ковид 19 почина познатиот саксафонист од Битола Ице Атанасовски

Познатиот музичар-саксафонист, Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со...