Владата без реакции на ваквата политика на Албанија

Објавил: Узунов Бобан | 1 јули, 2019 15:15

(ФОТО)СКАНДАЛ: Албанија ги направи Бугари Македонците од Мала Преспа, Заев и Димитров не реагираат

Фото/Текст извор: ©магазин

На вчерашните локални избори во Албанија во општина Пустец каде што доминантно население е македонското упатствата за гласање беа само на албански и бугарски јазик. Упатство за жал немало на македонски јазик, а парадоксално е тоа што тоа се случува на територијата каде живеат најголем дел Македонци. 

Упатсвото за гласање на локланите избори биле изработени на бугарски јазик, а во Албанија Македонците и македонскиот јазик се признати и се изучуваат во општина Пустец. На овие провокации од албанската држава кои очигледно се под притисок на Бугарија поради издадените бугарски пасоши на Македонци од Албанија нема реакција од официјалните лица во Скопје

Инаку во минатото скандалозна изјава ја брануваше јавноста откако членот на бугарската академија Веселка Тончева во својата книга тврдеше дека Македонците од Голо Брдо, Албанија се Бугари.

Во книгата се опишува дека нивните традиции, говорот, обичаите…сето она што е карактеристично на жителите на Голо Брдо, било бударско.

-Јасно е дека денешна Република Македонија е во процес на формирање на својот национален идентитет и не би можела да признае дека жителите на Голо Брдо се Бугари, бидејќи тоа на одреден начин ќе го дискредитира македонскиот идентитет, вака велеше бугарскиот академик Тончева во 2010 година.

Ваквите тврдења освен што се скандалозни, немаат никаква основа со реалноста, одговори тогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко. Ова, вели тој, не е единствениот обид за бугаризирање на македонското малцинство во Албанија.

Инаку Голо Бродо е област во Албанија, каде живеат околу 8.000 Македонци, претежно во услови на сиромаштија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.