Имено денеска во центарот на главниот град, на плоштадот група граѓани поставија кутија за донации за Катица Јанева.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2019 23:43

ФОТО: Апел за помош за Катица Јанева- да собереме 215.478 денари за да го помине и овој месец

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од една фотографија на која стои апел за помош за разрешената специјална обвинителка Катица Јанева.

Имено денеска во центарот на главниот град, на плоштадот група граѓани поставија кутија за донации за Катица Јанева.

Денеска на фонтаната Вон на коњ во центарот на Скопје, беше поставена кутија за собирање на донации за разрешената обвинителка Катица Јанева фото Курир.мк

Според фотографиите кои започнаа да кружат по социјалните мрежи во центарот на Скопје на фонтаната „Воин на коњ“ денеска осамна кутија со која се собираат донации за овој месец да биде се „ОКЕЈ“.

-АПЕЛ ЗА ПОМОШ, да собереме 215.478 денари за да и овој месец и биде „ОКЕЈ“ на Катица Јанева, стои во пораката на кутијата.

Најверојатно инспирирани од ненешната вест за имотот на Катица, граѓаните решиле да и помогнат на обвинителката која сега веќе е невработена и овој месец да живее достоинствено како и до сега.

Според податоците кои се објавени, Јанева како личен имот има земјоделско земјиште, куќа и плац во Гевгелија и во околината. Во регистарот стојат и двата стана во Скопје, едниот 72 квадратни метри, другиот 68 квадрати, но тие се наведени како имот на децата.

Друг недвижен имот Катица Јанева не поседува. Катица Јанева поседува неколку автомобили, од кои на нејзино име е прикажан Ровер 45 од 2001 година. Автомобилот марка Ауди А6 и автомобилот Голф 4 се пријавени како возила за кои стои дека се имот на деца. Јанева поседува и Хингај за кој е напишано дека е имот на брачен другар.

Јанева во листот има наведено дека има неколку депозити во банки. Јанева пријавила и неколку кредити.

Според официјалната состојба пријавена во Антикорупциска комисија, Катица Јанева сега тежи (официјално) 29.305.440 денари = 476.511 евра (без кредити, односно долгови и картички).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.