Првиот меѓународен лет се изврши во 1930 година на релација Виена-Грац-Загреб-Белград-Скопје-Солун.

Објавил: Стојче Бушин | 28 октомври, 2020 18:33

(ФОТО) Вака изгледал аеродромот во Скопје во 1960 година

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вака изгледал аеродромот во Скопје во 1960 година. 

Првиот аеродром бил изграден во 1928 година, на 3 км оддалеченост од центарот на градот (денешна населба Аеродром), по дваесет години од првиот историски лет на браќата Рајт.

Тој аеродром имаше меѓународна класификација, а се користеше само за дневни домашни и чартер летови.

Пред Втората светска војна, во периодот од 19351936 година, покрај Аеродромот Скопје во употреба беше и Аеродромот Битола.

Првиот патнички авион кој слета на Аеродромот Скопје беше „Потез 29“ од француско производство, додека пак првиот лет беше на релација Белград-Скопје-Подгорица-Мостар-Сараево-Белград. Тој превезе 5 патници и 290 kg товар.

Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале во 7 часот наутро.

Големиот жупан на Скопје, Антонио Вилдовиќ, во 1925 година, како вљубеник во воздухопловството и прв човек на власта, купил еден француски авион “Каљдран”, прв цивилен (спортски) авион во Кралството Југославија.

Прв пилот бил М. Јерошенко. Eсента 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи во Зајчев рид и во стариот Аеродром. Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. Kако куриозитет старите Скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.

Во 1937 година во договор со авионското друштво „Аеропут“ и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот „Правда“ од Белград.

Првиот меѓународен лет се изврши во 1930 година на релација Виена-Грац-Загреб-Белград-Скопје-Солун.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Бигорскиот манастир е основан во 1020 година од монахот Јован од Дебар, кој тогаш бил хиротонисан за охридски архиепископ.

ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Кој ги создаде величествените резби во Бигорскиот манастир?

Бигорскиот манастир викендов одбележува еден милениум од своето постоење. Свеченоста...

Во интервју за телевизијата Блумберг вели дека вината е кај нив што бугарите се убедени дека двете држави имаат заедничка историја “на еден народ”.

Бугарскиот историчар Дечев: Создавањето на македонската нација не се разликува од другите

Крајно време е Бугарија да прекине со претензиите за македонскиот јазик, официјалниот...