
Свет
Србија
Демонстрант од вечерашните протести во Белград, се соблече гол во моментот кога српската државна телевизија „РТС“ правеше директен пренос во вестите.
Во моментот кога репортерката вели „Нашата екипа доби доста навреди, се жалат за тоа како изгледа нашата програма и тоа како известуваме од протестите“ од зад грб и приоѓа маж кој си ги соблекува пантолоните и го покажува задникот, објави А1 он.

Вчера, нешто пред 20.30 часот, демонстрантите повторно предизвикаа немири во Белград, ја пробија оградата околу Собранието и се обидоа да влезат во салата на парламентот, но полицијата ги избрка со солзавец.
Во толпата се палеа факели, кои ги фрлаа кон полицијата, како и петарди, шишиња, лименки.
Полицајците фрлаа солзавец, а демонстрантите избегаа во правец на плоштадот Никола Пашиќ и кон Булеварот крал Александар. Некои лица во демонстрацијата се повредени, дојде брза помош и укажа на помош на еден маж.
Полицијата формираше кордон во близина на зградата на чешката амбасада.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.