петок, 18 јуни 2021

MK/ EN/ DE



Во моментов се отстранува платформата и опремата на плажата „Куба Либре“, која долги години важи за една од најубавите не само во Охрид, туку и пошироко. Активностите се одвиваат под силно полициско обезбедување, но без проблеми.

Објавил: Стојче Бушин | 9 јуни, 2021 15:41

ФОТО: Започна отстранувањето на платформите на најатрактивните плажи на Охридското крајбрежје

Фото/Текст извор: ©ohrid news

Утрово започна отстранувањето на платформите и урбаната опрема на најатрактивните плажи на Охридското крајбрежје, меѓу кои и тие кои влегуваат опфатот на Генералниот урбанистички план (ГУП).

Во моментов се отстранува платформата и опремата на плажата „Куба Либре“, која долги години важи за една од најубавите не само во Охрид, туку и пошироко. Активностите се одвиваат под силно полициско обезбедување, но без проблеми. 

Од плажата „Куба Либре“ сами го почнаа отстранувањето на монтажните делови од платформата, додека екипа ангажирана од локалната самоуправа работи на отстранување на металната конструкција во езерските води, која беше поставена согласно проектот одобрен од надлежните државни и локални институции пред речиси деценија и пол.

Во 2007 година ни беше издадена документација како да изгледа проектот. Оттогаш плажата „Куба Либре“ не е мрдната ни лево ни десно. Плажава е изградена по сите проекти и дозволи од држава и од општина. Револтирани сме затоа што никој не дојде да каже како треба да изгледа ова, каков е планот понатаму, кои мерки ние да ги преземеме. Ако смета платформата ние сме подготвени доброволно да ја отстраниме, како и што почнавме, но за жал ни известување добивме, ниту некој дојде да каже. – истакна Марјан Маловчев, од менаџерскиот тим на плажата.

Најголема неизвесност сега е што со речиси педесетте вработени на плажата, вели Маловчев, додавајќи дека се што слушаат околу статусот на плажите е од медиумите.

Не знаеме сега што, каде овие педесет луѓе да си го бараме чарето. Не бевме известени за ништо, дури и дека ќе ни биде исклучена струјата. Без оглед што процесот за јавното наддавање за плажите во 2018 година не е завршен и формално правно се уште трае, ние најдовме начин да ги подмириме сите концесии до февруари 2021 година, а уредно се платени и сите други давачки кон државата и општината која, намерно или не, целосно ги измеша математиките и во јавноста изнесе неточни податоци за финансиското работење на нашиот објект. „Куба Либре“ во наведениот период нема остварено профит од 190 милиони денари како што беше кажано, туку оствари 216 милиони денари промет, од кои повеќе од 500 илјади се реинвестиции, над 300 илјади ДДВ, плати, даноци, концесии придонеси, набавки… и оттаму не е коректно да бидеме претставувани во јавноста како да правиме некаков криминал. – посочи Маловчев.

Запрашан што ќе биде со плажата натаму, Маловчев рече дека не знаат кои се намерите на властите, но нивниот фокус, како и до сега, останува да бидат позитивна угостителска приказна.

Ние се трудевме да бидеме светла точка во угостителството, оттаму не сакаме да навлегуваме во ништо друго. До сега сме работеле како што треба, мислам дека сме пример во Охрид и Македонија, можеби и пошироко на Балканов. Зошто ова се случува и што ќе се случува потоа, треба да прашате некој друг. – рече Маловчев.

Акцијата уследи по најавата на локалната самоуправа дека ќе бидат отстранети сите објекти од плажите каде се истечени договорите за концесија, како и дека нема да се дозволи нивна работа, соп цел да се воспостави ред на крајбрежјето. Во таа насока на барање на локалната самоуправа најпрвин објектите на плажите кои гравитираат на централното градско подрачје беа исклучени од системот за снабдување со електрична енергија, по што уследија активности на остранување на платформите и поставената урбана опрема.

Во изјава за медиумите правниот застапник на плажата „Куба Либре“, Михаил Кичеец истакна дека преземените активности на Општина Охрид не се во согласност со законот.

„Куба Либре“ дооел која е најповолен понудувач на јавното наддавање од 2018 година, кое се уште не е завршено, не по вина на концесионерот, нема добиено решение за уривање. Иако од „Куба Либре“ започнаа сами да ја острануваат платформата, а делумно тоа го прават ангажирани служби, потенцираме дека не е законска постапката. Се игнорира фактот дека постапката за јавно наддавање којашто би го решила статусот на плажите во  Охрид кои се издаваат под закуп не е завршена. Сметаме дека е сериозно пречекорување на овластувањата на општината да гои решаваат овој проблем надвор од регулативата – вели Кичеец.

Утрово адвокатски тим поднел претставка пред Регулаторната комисија за енергетика за исклучената електрична енергија на охридските плажи, кои најавија правна разврска на случајот.

Инаку, освен „Куба Либре“, денеска можеше да се забележи дека и плажата „Кадмо“ самостојна отпочна со отстранување на урбаната опрема

Г.М.
Фото: А. Момироска

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Морам да признам и друга вистина, а тоа е дека во Мк нема продукција како во нашите соседни држави, искрено далеку сме од нив во тој контекст но тоа незначи дека треба да ја игнорираме нашата музика. Напротив треба да се дејствува и да се превземе нешто околу афирмацијата и продукцијата на Мк музика.

Скандалозно однесување на пејачот Силјановски: “Преку к.. ми е од Македонскиот народ”

Во целост ви го прикажуваме недоличното однесување на македонскиот естраден уметник...

Но според коментарите на социјалните мрежи, хронично болните граѓани изреволтирани оставаат коментари дека со месеци не можат да добијат термин за вакцини, а додека пак граѓани кои се под 30 годишна старосна граница се вакцинираат без проблем и објавуваат фотографии на социјаните мрежи.

Вакцинацијата се одвива непречено, прво се вакцинираат пријателите па хронично заболените лица

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани...

Тој во разговорот вели и дека директорката им давала договори за работа откако ќе помине месецот и дека К-15 за претходната година им исплатила само 2.000 денари.

Редакцијата на ОХРИД 24 поседува аудиоснимка од разговорот во која Мустафоски вели дека стои целосно зад кажаното.

(СВЕДОШТВО) Мухарем Мустафоски: Директорката на ЈП „Билјанини извори“ Охрид ме избрка од работа затоа што одбив тешка физичка работа поради здравствен проблем

Директорката на ЈП „Билјанини извори“ Охрид, Гордана Јованоска, ме избрка од работа...

До Левица деновиве стигнуваат бројни поплаки за притисоци, закани и уцени упатени кон вработените од страна на директорката на гимназијата „Мирко Милески“ во Кичево, Милка Спасеска.

ДИРЕКТОРКАТА НА КИЧЕВСКАТА ГИМНАЗИЈА СО ПРИТИСОЦИ И ЗАКАНИ КОН КЛАСНИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ СО ЦЕЛ ДА ЈА СПРОВЕДЕ ВОЛЈАТА НА МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА

ДИРЕКТОРКАТА НА КИЧЕВСКАТА ГИМНАЗИЈА СО ПРИТИСОЦИ И ЗАКАНИ КОН КЛАСНИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ...