Револтот на дело, граѓаните ги уништуваат таблите со Северна Македонија

Објавил: Сања Кукиќ | 11 февруари, 2019 12:11

(Фото) Ишкртана првата табла со Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Револтот на дело, граѓаните почнаа да ги уништуваат таблите со Северна Македонија.

По социјалните медиуми почнаа да кружат слики како и негативни коментари за таблите со новото уставно име. Поставените табли каде што пишуваше Република Северна Македонија беа демолирани. Со црн спреј е исчкртано „Северна“ и напишано „Никогаш Северна“! Граѓаните коментираат дека не ја одобруваат промената на името, и револтот се повеќе ќе расте по секоја поставена табла каде што пишува Република Северна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно