Порталот лидер преку одлука на Службен весник дознава за нова промена на името

Објавил: Узунов Бобан | 12 март, 2019 14:02

(фото) И Стев(ч)о Пендаровски си го сменил сопственото име

Фото/Текст извор: ©лидер.цом.мк/магазин

Како што објави порталот lider.com.mk, Стево Пендаровски, кандидатот за претседател од редовите на владејчките СДСМ и ДУИ, си го сменил и сопственото име – покажува документот кој беше објавен за време на претходната претседателска кампања, во која тој изгуби од Ѓорѓе Иванов. 

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски деновиве е актуелен по неговата изјава дека бил следен од странски тајни служби па можеби промена на името е од активностите за негова заштита

Во одлуката за избор на Пендаровски за претседател на Државна Изборна Комисија неговото име е Стевчо. Не е јасно дали ова е грешка или Пендаровски од уметничко-фолклорни причини по примерот на светските ѕвезди си го променал името ?

Во документот од Службен весник, стои дека во 2004, кога бил назначен за претседател на ДИК, Стево всушност се викал Стевчо. Потоа, тој во своите лични документи го менува своето име. 

Овој документ покажува дека Пендаровски е со традиција за менување на имиња. Во меѓувреме тој беше еден од главните протагонисти за промена на името на државата во Република Северна Македонија.

Пендаровски во кампањата тврди дека ќе биде претседател на Република Северна Македонија, од друга страна, кандидатката на здружената опозиција ветува дека никогаш нема да го изговори ова име. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

„Оваа информација не е ниту нова, ниту непозната ако се има предвид фактот дека уште за време на изборната кампања на парламентарните избори 2016г. токму Заев од митинг во скопската населба Капиштец нарачуваше обвиненија и ја диригираше работата на Катица Јанева и на цело СЈО. Ако од позиција на опозициски лидер во 2016г. имаше увид во работата на СЈО, или подобро кажано, тој ја утврдуваше „агендата на политичкиот прогон“ што СЈО послушно ја спроведуваше во пракса, можеме само да замислиме што овој човек правел од позиција на претседател на влада. Да не заборавиме дека цела година Заев беше претседател на комисијата за реформи во судството, позиција што тој успешно си ја валоризираше за задоволување на своите интереси и политички потреби, за директни нарачки кај судиите и обвинителите,“ потенцира универзитетската професорка.

Каракамишева: „Бомбата“ за Заев е само потврда дека тој диригира со судството и обвинителството!

Најновиот аудио запис и транскрипт што вчера беше објавен од страна на Антонио Милошоски...

Мажот, кој беше во критична состојба по експлозијата, почина синоќа на Единицата за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје.

ТРАГЕДИЈА: Четврта жртва од експлозијата во Романовце

Мажот, кој беше во критична состојба по експлозијата, почина синоќа на Единицата...

Истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен. Сепак и покрај ова и тоа особено долж Повардарието и на исток ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје и околината ќе имаме сончево и релативно топло време со умерена, повремено и локално позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, ветерот повремено ќе засилува.

Непредвидливо време до крајот на неделата- денеска уживајте во сонцето

До крајот на денов ќе имаме сончево време со умерена, локално и позначителна облачност,...