Пливачкиот ас заработи кривична пријава

Објавил: Узунов Бобан | 18 јули, 2019 11:33

(фото) Кривична пријава за Александар Маленко за измама и злоупотреба

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев поднесе кривична пријава за Маленко поради измама и злоупотреба.

Бранувањата во македонското пливање продолжуваат, а по најавата на најдобриот македонски пливач, Марко Блажевски дека размислува повеќе да не настапува за Македонија, конкретен чекор направи и претседателот на Националната пливачка федерација (НПФ), Александар Филипчев. 

Александар Маленко беше истакнат активист на Шарената револуција кој често пати го нагласуваше неговото познанство со премиерот Зоран Заев. 

Филипчев поднесе кривична пријава за измама и злоупотреба на Александар Маленко.

 

Претседателот на Националната пливачка федерација се одлучи на ваков чекор за да стави крај на манипулациите на Маленко.

На барање на пливачките клубови во Македонија беше свикано вонредно собрание на кое се смени името на федерацијата, Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) се преиименува во Национална пливачка федерација на РСМ, а исто така поради незадоволство од работата беше сменет тогашниот претседател Александар Маленко и беше избран Филипчев за нов предводник.

Одлуките од тоа собрание се спроведоа во Централниот регистар на Македонија кој ги потврди промените. Исто така беше известена и светската пливачка федерација (ФИНА), но и покрај тоа Маленко се уште се претставува за претседател на ПФМ.

Филипчев и НПФ сметаат дека Маленко со таквите настапи го нарушува угледот на пливањето, на федерацијата и на самата држава и поради тоа се одлучија да му поднесат кривична пријава за измама и злоупотреба.

Извор: Слободен печат

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Охриѓанката Јана не издржа да се соберат потребните средства за лекување  во Барселона кои се собираа повеќе од два месеци.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Јана Арсовска- не издржа да се соберат парите за лекување

По четири години битка со  ракот храброто срце на Јана Арсовска денеска престана...

Халачи прислушкуваните материјали ги прати во јуни годинава прво до обвинителката која го води случајот „Монструм“, Фатиме Фетаи, а потоа и до поранешното Специјално јавно обвинителство поврзани со петкратното убиство.

Осуден во „Диво Насеље“ пратил снимки на Фатиме Фетаи и Ел Чека за „Монструм“

Шевчет Халачи, обвинет во случајот „Диво Насеље“ пратил снимки од случајот Монструм...

Ваквата одлука предизвика бурна реакција во Приштина и Тирана, но и на други места. Одлуката ја критикуваше јавно и познатата новинарка на Си-Ен-Ен Кристијан Аманпур. Критичарите тврдат дека Австриецот не само што своевремено застанал на страната на Милошевиќ, туку не го признава геноцидот во Сребреница.

Градоначалникот на општина Центар за Димитров: Тој е идиот!

Македонија се приклучи на Албанија, БиХ, Хрватска, Косово и Турција, во бојкотот за...