Пејачката се присети вчера на нејзиниот роденден, па преку фотографии ги потсети и фановите на нејзината младост.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2019 20:10

ФОТО: Лепа Брена со емотивна порака до својата почината мајка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пејачката Лепа Брена ги разнежни фановите кога на социјалните мрежи сподели фотографии досега невидени во јавноста од нејзината приватна архива.

Лепа Брена сподели фотографии и се присети на роденденот на својата мајка, која почина во 2014 година

Станува збор за фотографии на кои е нејзината мајка Ифета Јахиќ која почина во 2014 година, а пејачката се присети вчера на нејзиниот роденден, па преку фотографии ги потсети и фановите на нејзината младост.

-Ми недостасуваш, те сакам. Среќен роденден, напиша Брена.

 Брена од секогаш говорела дека нејзината мајка е значајна фигура во нејзиниот живот, а и има посветено и посебен албум со севдалинки кои најмногу ги сакаше таа.

Инаку Ифета Јахиќ, мајката на познатата пејачка почина на 81 годишна возраст во 2014 година и тоа на денот на семејната слава на пејачката, Свети Архангел. Дента Брена нарачала храна за 150 гости но за жал нејзината мајка го зави семејството во црно, па пејачката и во тие тешки моменти не заборавила на бездомниците и ја донирала сета храна која ја нарачала за гостите, а славата ја откажала.

Мајката на Брена целиот свој живот го поминала работејќи како кројачка, таа со години била тешко болна, и живеела во дом за стари лица.

 

Инаку за оние кои не знаат вистинското име на Лепа Брена е Фахрета Живојиновиќ со моминско презиме Јахиќ. Таа е родена во Тузла на 20 октомври 1960, и е позната југословенска фолк и поп пејачка, и естраден менаџер. Таа е сопруга на тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ.

Фахрета Јахиќ или позната како Лепа Брена е родена во Тузла во муслиманско семејство, но пораснала во Брчко. Нејзиниот татко Абид работел како медицински техничар, додека мајка ѝ Ифета била кројачка.

Фахрета е нивно трето дете — има брат Фарук и сестра Факета. Живееле скромно, во еднособен стан, но според неа таа имала безгрижно детство и ништо не ѝ фалело.

Уште тогаш бил забележан нејзиниот талент за пеење. Таа најпрво застанувала пред грамофонот и слушала, а потоа го собирала семејството и им ги пеела песните што ги научила. Била темпераментно дете, па така во петто одделение по казна морала да пее на натпреварот Мали градители, каде го освоила првото место со песната на Кемал Монтено Свири и пријателу мој. Основно училиште завршила во училиштето Заим Мушановиќ, каде била првенец на генерација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Новак и Јелана се на непозната дестинација каде одмараат и уживаат во магијата на морето. За тоа време Ноле чита регионални весници, а таму се најдоа и вениците од Хрватска во кои се пишуваше за него.

Новак купи хрватски весници кои пишуваа за него: Неговата реакција ќе ве зачуди

Новак Ѓоковиќ со својата сопруга се одмара по напорниот турнир во Велика Британија...

Како што откриваат од „НАСА“, постои снимка од бурното слетување кое Армстронг и екипата го имале на Месечината, направена од камерата прикачена на прозорецот на Олдрин, но таа не прикажува што точно видел Армстронг од неговото пилотско седиште.

НАСА ОТКРИВА: Еве како изгледало слетувањето на Месечината

Направена е одлична симулација по повод 50-годишнината од историското слетување на...

Заедно со договор со нејзините деца, таа одлучи да ја изнајми вилата по цена од 8.000 илјади евра месечно.

ЕКСКЛУЗИВНО: Гордана Шаулиќ се сели од вилата на Дедиње, ја издава на АМБАСАДА ЗА 8 ИЛЈАДИ ЕВРА МЕСЕЧНО!

Вдовицата на покојниот крал на народната музика Шабан Шаулиќ, Гордана Шаулиќ вилата...

Дијана Ѓоковиќ, во интервјуто раскажува за тешкиот пат кој го поминале за Ѓоковиќ да биде ова што е денес. Како мајка, секогаш била посветена на семејството, па во интервјуто потенцираше дека целиот живот буквално го посветила на децата.

Искрена исповед на мајката на Ѓоковиќ: Работев по 16 часа, правев палачинки и работев на шанк за тој да успее во кариерата

Мајката на светскиот шампион во тенис Новак Ѓоковиќ, во интервју за хрватскиот весник...