Денешната посета на Меркел, ги побиваат обвиненијата на СЈО и пресудата во случајот Тенк

Објавил: admin@magazin | 8 септември, 2018 12:38

ФОТО: Меркел пречекана со “Мерцедесот” за кој беше осуден Груевски

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Германската канцеларка, Ангела Меркел беше пречекана денес во Скопје со сите почести и превезувана со„Мерцедесдесот“, за чија набавка беше осуден поранешниот премиер Никола Груевски во и Тенк.

Овој владин Мерцедес кој Заев и СДСМ го критикуваа додека беа опозиција, изминатава недела го користеа и Јенс Столтенбер, генералниот секретар на НАТО и Себастијан Курц, канцеларот на Република Австрија при нивните официјални посети на Република Македонија.

Патем Зоран Заев пред некое време тврдеше дека Мерцедесот ќе го продаде за со тие пари да се набават амбулантни возила.

Јавноста сведочи дека ова возило се користи за намената за која е купено, односно со него да се превезуваат делегации на странски земји и странски високи функционери, како и за други намени кога тоа го пропишуваат строгите протоколарни и безбедносни стандарди.

Јавноста оправдано се прашува за што беа осудени Никола Груевски и Ѓоко Поповски, кога изминатиот период, па и денешната посета на Меркел, ги побиваат обвиненијата на СЈО и пресудата во случајот Тенк. Оправданоста на оваа набавка денес доби уште една целосна потврда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести