
Македонија
Фејсбук
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во Будимпешта во штабот на Фидес на Виктор Орбан.
По прогласувањето на победата на Орбан на парламентарните избори, Мицкоски објави селфи со унгарскиот премиер, а и му ја честиташе победата на Александар Вучиќ.
Голема победа за Виктор Орбан. Со среќа и успех нека е петиот премиерски мандат, четврти по ред. Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Македонија има пријатели, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Првичните резултати, по преброени 36,3 отсто од гласовите, велат дека неговата партија Фидес им водство од 58 отсто на националните листи, споредено со 30,4 отсто за опозиската коалиција.
Фидес исто така има водство во 88 изборни единици, наспроти 18 за опозицијата, по преброени 50,5 отсто од гласовите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.