Директорот на ГТЦ за Алфа вели дека затворањето на продавниците се должи на слабата куповна моќ, но и на пандемијата. Тврди дека морало да има давачки за да функционира трговскиот центар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2020 11:07

ФОТО: Над 80 дуќани во ГТЦ ставија клуч на врата- епидемијата си го направи своето!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Колапс на малите бизноси. Во центарот на метрополата на потегот од улица Македонија до Градскиот трговски ценар и во него, зјаат празни дуќани. Епидемијата си го направи своето, ама владините три сета на мерки, за спас на стопанството не ги дадоа посакуваните резултати, пишува Алфа.

Над 80 дуќани во Градскиот грговски центар во Скопје ставија клуч на врата. Најчестата налепница на продавниците е дека Дуќанот се издава или се продава. Малата заработка, но и пандемијата е главната причина што добар дел од закупците ставија крај на бизнисите.

Не можеме да преживееме, а камо ли да ги платиме давачките и кириите. Ова е страшно, се жалат дуќанџиите кои речиси цел живот лебот го вадат од продавниците, каде сега, како што велат, човек не влегувал.

-Да немаме толку давачки затоа и објектот го даваме без кирија. Само да работи некој. Но нема заинтересирани. Ова е страшно, па дури и неиздржливо. Човек не влегува, луѓе нема, стварно не знам што ќе правиме, се жалат закупците пред камерата на Алфа.

Директорот на ГТЦ за Алфа вели дека затворањето на продавниците се должи на слабата куповна моќ, но и на пандемијата. Тврди дека морало да има давачки за да функционира трговскиот центар.

-Нема ништо без пари. За да се одржува објектот мора да го финансира некој. Објектот е 120 илјади квадрати. ГТЦ има 9 трафостаници што го опслужува и што го одржува системот во кондиција. Ако не плаќаме нема да биде во фукција. Сепак, приватизацијата си го направи своето, посочи директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Алфа направи целосна обиколка околу ГТЦ. Раздвижено да, но не како некогаш. Граѓаните велат дека сегашниот, не можел да се спореди со поранешниот ГТЦ.

-ГТЦ едно време беше синоним за Скопје. Сега го нема тој дух, ги нема тие луѓе, ја нема таа енергија, велат граѓаните пред камерата на Алфа, кои поминуваа низ ГТЦ.

-Сите сакаме тоа време да се врати, но тешко, се надеваме дека ќе биде добро, но сепак тоа време и таа душа од некогаш, тешко дека пак ќе се повтори, ги нема луѓето, велат скопјани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...