Ова подолу е компјутеризирана томографија на пациент со здрави бели дробови и на пациент со COVID-19. Не треба да имате медицинска диплома за да ја забележите разликата.

Објавил: Стојче Бушин | 22 мај, 2020 15:55

(ФОТО) Наоди на македонски пациенти: Пациент со COVID-19 никогаш нема да има исти бели дробови!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Доктор Петар Марков на својот Фејсбук профил објави фотографии од компјутеризирана томографија на пациент со здрави бели дробови и на пациент со COVID-19 и објасни неколку важни работи, за кои сите граѓани треба да бидат свесни и разумни!

Не знам дали е измислен, произведен во лабораторија или резултат на мутација… не знам дали е производ на заговор или неконвенционална војна но ги знам ефектите кои ги предизвикува на човечкото здравје.

Некој ќе рече, па добро де, луѓето и така умираат… да, но доколку некој ни рече дека имаме 10% да добиеме лото вечерва претпоставувам многу би ги изиграле своите среќни броеви и би имале фер шанса да бидат добитници.

А што ако некој ни каже дека доколку не внимаваме имаме 10% шанса да се заразиме или уште полошо имаме исто толкав процент на веројатност да заразиме некој друг или многу други, како тогаш би постапиле?

Разликата е во тоа што на пациентот со COVID-19 белите дробови никогаш повеќе нема да му бидат исти како пред инфицирањето. Белите опацитети претставуваат изразена фиброза, а фиброзата е таа која го дава изгледот на лузната откако ќе се здобиеме со некаква повреда на некој дел од телото. Претставува најчесто ткиво со нарушена функција, нееластично, кое има за цел да ги врзе рабовите на настанатиот дефект!

Во случајот тоа се случува во белите дробови. Секаде каде постојат белите пребојувања на сликата, особено кон периферијата, претставува фиброзно променет паренхим на белиот дроб; афункционално, нееластично сврзно ткиво за кое не постои начин да се врати во функција, а за нормално функционирање на белите дробови е потребен и еластицитет но и функционалност во размената на гасови.

А како изгледа субјективниот наод на пациентот. Ставете дебела перница врз вашето лице и побарајте некој да ја притисне, дишете 10 сек, 15 сек, 30-40 доколку можете и побарајте да ја тргнат. Ова е чувството кое го имаат пациентите само што нивната перница не може да се тргне. Нивното лице останува покриено се до ставањето на аспиратор и конечно до нивната смрт, исто како тие 30-40 секунди или умираат или ќе живеат со перманентна штета.

Тоа што го има на сликите не се наоди од Вухан или Италија или Шпанија… ова се наоди од пациенти од Македонија и тоа на возраст 30+ години. Имаме должност спрема нашите семејства, нашите блиски и спрема самите себе да останеме безбедни од нешто кое може да се превенира.

Да се воздржиме од непотребни експозиции, да внимаваме на самите себе бидејќи на тој начин ги штитиме и нашите најблиски. Ништо не е поубаво од чувството на земање длабок здив, да избегнеме да сме тие кои ќе го земат некому но и не смееме да дозволиме да ни го земат, пишува докторот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца“, посочува таа.

Директорката на ДЗСИ во самоизолација, контактирала со член на семејството позитивен на КОВИД-19

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), Ирина Бухова...

Министерот Филипче изјави дека дел од стратегијата е удвојување на бесплатните сезонски вакцини против грип. Тој вели дека вакцината нема да биде задолжителна, но тоа е важна мерка за заштита против Ковид 19, особено за луѓето од најранливите групи!

Филипче: Ќе се удвои бројот на бесплатни вакцини против сезонски грип

Зајакнување на болничките капацитети, брзо тестирање, зголемување на медицинскиот...

Ќе забележите дека комарците помалку ќе ве напаѓаат ако редовно консумирате зеленчук и овошје, и ако го сведеме на минимум јадењето на храна богата со спорни киселини, што ги содржи секоја преработена храна, како што се млечни производи и месо.

ДОКТОР НЕСТОРОВИЌ ОТКРИВА: Еве како да се заштитите од комарците- оваа храна не треба да ја јадете!

Општо познато е дека комарците се хранат со човечка крв. Но, како што тврди пулмологот...

Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски! – порача министерот Филипче.

Обезбедени 61 единица плазма за третман на пациенти со ковид-19

Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19,...