Сега е објавено видео на кое се гледа дека авионот на аеродромот во Киев, каде се воделе борбите, е целосно уништен.

Објавил: Перо Милчин | 5 март, 2022 9:58

ФОТО: Најголемиот авион на светот е целосно уништен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најголемиот товарен авион во светот, украинскиот Антонов-225, сепак бил уништен во нападот на аеродромот Хостомел кај Киев, објави украинската фабрика за оружје Укроборонпром.

Сега е објавено видео на кое се гледа дека авионот на аеродромот во Киев, каде се воделе борбите, е целосно уништен.

Најголемиот товарен авион во светот, украинскиот Антонов-225, сепак бил уништен во нападот на аеродромот Хостомел кај Киев, објави украинската фабрика за оружје Укроборонпром!

Да потсетиме исто така, Русите ја окупираа нуклеарната централа Запорожје ноќта од четвртокот кон петокот. Во текот на ноќта бил забележан и пожар, а се испоставило дека гори објект кој не е поврзан со реакторите. Во текот на денот вчера Русите рекоа дека не се тие виновни за пожарот во централата – туку Украинците.

Украинскиот инспекторат за нуклеарна енергија соопшти дека самите реактори во пожарот што избувна по гранатирањето не се оштетени. Како што наведоа, реакторската комора на блок бр. 1 не е оштетена, што не влијае на безбедноста на блокот. Системите и елементите важни за безбедноста на нуклеарните централи се во добра состојба. Досега не се забележани промени во статусот на радијација, се вели во соопштението.

Раководството на нуклеарната централа Запорожје сега работи под закана со оружје, соопшти компанијата која управува со нуклеарната централа, пренесе Си-Ен-Ен.

Петро Котин, шеф на државниот производител на нуклеарна енергија Енергоатом, објави на Телеграм дека руските сили „влегле на територијата на нуклеарната централа, ја презеле контролата врз персоналот и управувањето со нуклеарната централа“.

„Управувата со нуклеарната централа работи под закана од оружје“, рече Котин. Тој додаде дека вработените во утринските часови дошле да ги извршуваат работните обврски и дека биле пуштени во електрана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Криза

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...

Оние кои пристигаат најчесто се жени, деца или стари лица, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски забрани мажи на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата.

Повеќе од половина милион бегалци ја напуштиле Украина

Преку 500.000 луѓе ја напуштија Украина по почетокот на воената инвазија на Русија која...