Во Македонија и утре ќе биде екстремно топло, како што најавија метеролозите сме во фаза на портокалово ниво на опасност од топлото време. 

Објавил: Весна Петровска | 10 август, 2019 21:06

ФОТО НА ДЕНОТ: Елен се разладува во водите на Мавровското Езеро

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Големите температури ова лето се неподносливи, не само за луѓето туку и за целиот животински свет.

Интересна фотографија ни доаѓа од Маврово на која може да се види како елен се капе во езерто во Маврово.

И животните се разладуваат

Во Македонија и утре ќе биде екстремно топло, како што најавија метеролозите сме во фаза на портокалово ниво на опасност од топлото време.

Од жолто ниво на целата територија на државата вчера, денеска во некои делови е активирано повисоко, портокалово ниво на опасност од високите температури и УВ-зрачење. Предупредувачкото портокалово е активирано за скопското подрачје, Повардарието и источните делови од земјава.

УХМР соопшти дека под влијание на многу топла воздушна маса, до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста.

Минималната температура денеска ќе биде помеѓу 11 и 20, максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, а УВ-индексот 9.

Според временската прогноза, попладне ќе има умерена облачност и ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Надлежните апелираат, поради високите температури, да се почитуваат препораките за заштита, не само за неизложување на директно сончево зрачење, туку и за внимателно консумирање храна, правилно однесување при движење на отворено и во природа, како и правилен третман на домашните, фармски животни.

-Граѓаните да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да носат заштитни очила и капа, да конзумираат лесна храна и течности, да внимаваат при подготовка и конзумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а пред влегување во возило, одреден период да го проветрат, истакнуваат надлежните.

Во топлите денови се препорачува граѓаните да останат во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор, да најдат можност за почести одмори под сенка. Хронично болните лица редовно треба да ја земаат пропишаната терапија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Ова се резултатите од меѓународната студија на Меѓународниот „светски лидери“ на Галуп, која покажа дека, иако не е политички лидер, папата Фрањо беше најдобро примен во светот, со поддршка од 53 проценти од испитаниците.

Ова се најполуларните лидери во светот: Еве кои лидери Србите ги сакаат најповеќе

Папата Фрањо и германската канцеларка Ангела Меркел се најпопуларните лидери во светот...

На оваа вест не останаа рамнодушни нејзините фанови, а и многумина беа изненадени бидејќи пејачката на неколку наврати, во интервјуа потенцираше дека  токму сопругот и е голема поддршка.

„Не успеав да го спасам бракот“: Елена Велевска си ја отвори душата!

Уште пред две години, летото во август 2018 година во јавноста како бомба одекна веста...

Како што пишуваат српските медиуми наводно Поповиќ размислувал Милица Павловиќ да ја испрати на Евровизија наредната година.

Саша Поповиќ открива-еве која пејачка од „Ѕвездите на Гранд“ ќе оди на Евровизија?

Директорот на Гранд Продукција, Саша Поповиќ наводно размислува една од најдобрите...