
Македонија
Вести
Неверојатни фотографии осамнаа на социјалните мрежи. Верувале или не од високите температури и пеколните горештини кои го зафатија Кувајт, дури автомобилите почнаа да се топат.

На фотографиите кои беа споделени на социјалнит емрежи може да забележите како делови од автомобилите се стопени поради високите температури кои во Кувајт го достигнаа максимумот . Вакво нешто до сега се нема случено никаде, а за Кувајт оваа температура до сега е незабележана. На +63 степени Целзиусови степени се случува ова. Во Саудиска Арабија денеска се измерени +55.
Од енормните температури се топат и пластичните делови на уличните семафори…
Инаку Кувајт или официјално Држава Кувајт е независна држава со емиратско општествено уредување во Југозападна Азија, поточно на Арапскиот Полуостров. Кувајт се граничи со Саудиска Арабија на југ, со Ирак на север и источно излегува на Персискиот Залив. Кувајт има вкупна површина од 20.000 километри квадратни со население од околу три милиони жители. Главен и најголем град е градот Кувајт, додека пак официјален јазик во емиратот е арапскиот јазик.
Повеќето од територијата на Кувајт е покриена со рамната Арабиска Пустина. Државата има слаба разлика во поглед на надморската височина и највисоката точка изнесува околу 306 метри надморска височина. Кувајт има девет острови кои скоро сите се ненаселени, освен островите Фаилака. Најголем остров во државата е Бубија со површина од 860 километри квадратни и е поврзан со копнен Кувајт преку долг мост.Главниот град Кувајт се наоѓа на крајбрежјето. Кувајт е доста богата со нафтени резерви.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.