Дилемата која јавно ја постави Героски, како станал обвинител во СЈО Гаврил Бубевски

Објавил: Узунов Бобан | 28 март, 2019 10:27

( ФОТО): Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски, станал обвинител по предлог на ВМРО-ДПМНЕ ?

Фото/Текст извор: ©магазин

 Новинарот Бранко Героски на својот фејсбук профил објави документ-Препорака издаден од ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево од 19.06.2009 година архивиран под бр. 08/09 во кој ОК ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево препорачува Гаврил Киро Бубевски да биде избран за јавен обвинител во Скопје. 

Понатаму Героски прашува дали толку била силна препораката на ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево па за тој да биде избран и за јавен обвинител во СЈО и според него документот веројатно е веродостоен. Toj го поставува прашањето како е можно обвинител со партиска препорака на Груевски да биде во СЈО и каков е тој мерит систем ? 


Дали преку предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Гаврил Бубевски да биде јавен обвинител во обвинителството, а подоцна и во СЈО денеска опозицијата си има свој крт во редовите на  специјалното јавно обвинителство ?

Во текот на јули 2017 година по социјалните мрежи протекоа записници од испитувања на сведоци против функционери на ВМРО-ДПМНЕ  за кои СЈО никогаш не даде објаснување дали се веродостојни или не ?

И дали како во случајот со судијата Панчевски и другите судии, Антикорупциска по допрен глас ќе отвори постапка за испитување на потеклото на имотот и на обвинителот Гаврил Бубевски ?


Документот кој го објави новинарот Бранко Героски во кој ВМРО-ДПМНЕ препорачува Гаврил Бубевски да биде избран за јавен обвинител во Скопје

Би замолил за објаснување за овој документ. Станува збор за препорака од 2009 година, од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево, Гаврил Бубевски да биде избран за јавен обвинител во Скопје.

ОК, разбирам дека тоа се случило во времето на “Сваровски судството”. Што не мора да значи дека Бубевски е лош обвинител. Дури и напротив.

Ама, од кога тоа обвинители се избираат со препорака од партијата?

Е сега, некој ќе рече – така беше во времето на Груевски. Сега веќе не е така.

Молам?!

Не е ли истиов Бубевски сега во СЈО? Па толку ли била силна таа препорака од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево?

Катица Јанева? Фатиме Фетаи? Ленче Ристовска? Коментар, ве молам.

ПС. Повторувам уште еднаш – сосема е можно Бубевски да е совршен професионалец. Ама, овде нешто не е во ред, нели? 

(фејсбук статус на Бранко Героски)

Понатаму, новинарот Бранко Героски во фејсбук преписка напишал: Дајте бе немојте да нė правите будали! Прашањето овде е кристално јасно – како може човек што станал обвинител со партиска препорака од Пехчево на Груевски денес да биде во СЈО? Тоа ли е вашиот мочан “мерит систем”? Не е ли ова срамота, бре! Народ гледа. И не е мутав!

 

Денеска Гаврил Бубевски застапува неколку предмети од СЈО токму против функционери на партијата која според овој документ го предложила да биде јавен обвинител во Скопје. 

Инаку за Гаврил Бубевски се пишуваше дека има релации (кумовски) со актуелната власт. Познат е и како кум на Филип Медарски, кој пак е адвокат на Зоран Заев. Елица Медарска,  мајка на Филип Медарски, е обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

ВД реисот, муфтијата од Гостивар, е брат на универзитетскиот професор во Тетово, Милаим Фетаху поранешен член на АВМУ на предлог на ДУИ а сега на листата за амбасадор во Хрватска на владината листа како предлог на ДУИ.

ПАРТИСКИ ВРСКИ: ВД реисот Фетаху близок на сменетиот Реџепи и на ДУИ!

Поставениот вд Реис, досегашниот муфтија од Гостивар, Ефенди Шаќир Фетаху според извори...

Заради својата безрезервна преданост кон бугарштината во Македонија, тие ја заслужуваат нашата почит и денеска“, пишува Каракачанов.

КАРАКАЧАНОВ: ВМРО била и секогаш ќе остане најбугарската кауза, од ВМРО, српска и руска свирка не бидува и никогаш нема да стане!

Бугарскиот министер за одбрана и Вице премиер Красимир Каракачанов, објави дека дедото...