
Македонија
Вести
Вчера во Македонија почина првиот медиумски работник од коронавирус. Станува збор за 44 годишниот Беким Бајрамоски за кого смртта беше соопштена вчера.

Бајрамоски работел во локалната телевизија Спектра во Лабуништа.
„Заразен е во Лабуништа од средината, од околината. Според тие контакти кои ги имаме сè се тоа луѓе кои се семејно поврзани коишто биле на најразлични настани или не биле, тоа не е нашиот интере“, рече Сашо Точков-директор на Центар за јавно здравје Охрид.
Од Центарот за јавно здравје во Охрид додаваат дека и понатаму имаат проблеми со многу жители кои ги кријат симптомите или кои не кажуваат со кого контактирале.
Инаку во Сруга активни случаи со Ковид-19 се 12, од кои еден во Лабуништа.
Во меѓувреме, повеќе од 60 нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во државава, а еден пациент е починат, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје.
Посочија дека од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.