Сторителите не се познати, а полицијата била повикана рано утринава и увидот се уште е во тек. Опожарена е влезната врата и натписот на кој пишуваше клуб Ванчо Михајлов.

Објавил: Мате Парлоф | 4 јуни, 2022 11:37

(фото) Опожарен клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Фото/Текст извор: ©telma

Опожарен е клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Сторителите не се познати, а полицијата била повикана рано утринава и увидот се уште е во тек. Опожарена е влезната врата и натписот на кој пишуваше клуб Ванчо Михајлов.

Полициски службеници го обезбедуваат местото.

Клубот беше отворен во април оваа година во присуство на целиот државен врв на Бугарија, што предизвика бура реакции во македонската јавност, најмногу поради името на културниот клуб Ванчо Михајлов кој е докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна.

МНР: ОСУДА ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО БИТОЛА, СЕ УШТЕ ИМА АКТЕРИ ПРОТИВ НАПРЕДОК НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, утрово извршија увид на лице место на опожарен објект – центар за култура „Ванчо Михајлов“.

Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење.

Со цел откривање на сторителот, јавниот обвинител веднаш ќе издаде и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објект!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.