Информативниот портал на албански јазик „Ина-онлајн“ објави фоографија од состанок што го држи министерот за надворешни работи Бујар Османи, на која се гледа шише со течност и црево за инфузија.
Министерот на фотографијата, која според порталот е направена минатата недела, е свртен со грб, а лево од него се гледа пластичното шише полно со некаква течност, кое виси на закачалка какви што се гледаат во болниците.
Не може да се заклучи дека Османи во моментот кога е направена фотографијата е приклучен на инфузијата, но тој го држи во раката цревото, кое е доволно долго за да стигне до фотелјата на која седи министерот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.