Митовски објави дека двајцата напаѓачи се познати кои цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо!

Објавил: Стојче Бушин | 18 септември, 2020 3:31

ФОТО: Палевски и Митовски од болница порачаа дека напаѓачите се познати: Цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Фотографија од болничката соба во која е хоспитализиран Љупчо Палевски откако вчера на пладне беше нападнат пред неговиот дом во Скопје објави уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски.

Митовски објави дека двајцата напаѓачи се веќе познати, кои цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо.

Снимени се на сите камери. Со и без кациги. Сега останува ред уште полицијата која се пофали со системот “Сејф Сити” да ги потврди овие информации, вели Митовски!

Љупчо Палевски пренесен во болница откако беше брутално претепан!

За нападот објави и неговата партија на Фејсбук од каде велат дека Палевски бил тепан од две лица со кациги, а при нападот биле користени шипки и боксирачи.

Палевски беше хоспитализиран во приватната болница Систина со нанесени тешки телесни повреди. 

Палевски лани беше приведен во Србија по потерница од хрватските власти, а и во Македонија имаше кривична пријава против него откако преку мегафон пушташе бомби.

Повторно е приведен летово поради прекршување на мерката – изолација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Досегашниот директор на АД „Македонска пошта“, Ејуп Рустеми, ќе биде нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Најчевска: За Рустеми треба да се покрене постапка за злоупотреба на службената положба и овластување

Според професорката Најчевска за досегашниот директор на АД „Македонска пошта“,...

И не, не е загрозен угледот на Македонија доколку на виделина се изнесат неправилности во работењето на некоја институција.

Најчевска: Не знам зошто толку Лидија Димова ме потсетува на ВМРО-ДПМНЕ!

Не е член на ВМРО-ДПМНЕ, не е вработена од ВМРО-ДПМНЕ, не работи за интересите на ВМРО-ДПМНЕ,...

Неправдите, сиромаштијата и криминалот се секојдневие во Македонија. Токму затоа денес повторно е неопходно да застанеме против неправдите и да се избориме против злото за да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, градејќи светла и сигурна европска иднина!

Мицкоски со честитка за 11-Октомври: Да се избориме против злото за да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите граѓани на Република Македонија им го...

Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост. Во темелот се вградени заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации.

Заев: Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание

Премиерот Зоран Заев упати честитки за празникот 11 Октомври. -На денешен ден 11 Октомври...