Вчера вечер страотна слика од елитниот хотел со 5 ѕвездички Александар Палас ја запрепасти јавноста. Имено нешто по полноќ во познатиот скопски хотел се случила крвава престрелка каде со повеќе од 30-тина чаури беше пукано врз петмина кои во моментот престојувале во хотелот.
Имено како што анализира порталот Инфомакс гостите откако ги напуштиле своите хотелски соби и пристигнале во фоајето на хотелот, можеле да забележат чаури на сите страни, општа паника, искршени сталка изрешетан инвертар.
-Од информациите кои ги сподели МВР изутринава дознаваме дека за среќа нема повредени во оружената престрелка, но приказната не завршува тука. За овој свиреп акт сведочи и едно запалено возило. Трагите за напаѓачите водат кон скопско Арачиново во чија близина е пронајдено возилото кое го користеле напаѓачите. Возилото марка „Фолксваген Туарег“ е целосно пеплосано по нападот. Во возилото се пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „Калашников“ со што пристигна потврда за информациите на Инфомакс за какво оружје било користено во престрелката, пишува порталот Инфомакс.
Претходно полицијта за Вечер изјавија дека за сега не може да се откријат повеќе детали за настанот, единствено што се знае е дека е пукано е врз Камер Идризи, Јетон Кривањева, Африм Сулмани и Енсар Исени.
Како што беше објавено напаѓачите биле вооружени со автоматско оружје и имале фантомки на главите, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите и пукал кон напаѓачите во самоодбрана. Според првичните информации нападнатата група е од Грчец, скопско.
Како што утринава објави Алсат тројца од сторителите влегле во хотелот извикувајќи „Полиција, Полиција“ и испукале рафали кон ресторанот, по што го напуштиле местото.
Во моментот кога пукале во ресторанот, едно лице (полицаец) го употребил својот службен пиштол и испукал околу 11 проектили во правец кон сторителите извикувајќи дека тој е полиција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.