Полицијата за ВЕЧЕР потврди дека и се познати имињата и деталите за пукањето кај скопскиот хотел Александар Палас кое се случи синоќа околу полноќ.
Од полицијта за Вечер велат дека за сега не може да се откријат повеќе детали за настанот, единствено што се знае е дека е пукано е врз Камер Идризи, Јетон Кривањева, Африм Сулмани и Енсар Исени.
Како што беше објавено напаѓачите биле вооружени со автоматско оружје и имале фантомки на главите, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите и пукал кон напаѓачите во самоодбрана. Според првичните информации нападнатата група е од Грчец, скопско.
Како што утринава објави Алсат тројца од сторителите влегле во хотелот извикувајќи „Полиција, Полиција“ и испукале рафали кон ресторанот, по што го напуштиле местото.
Во моментот кога пукале во ресторанот, едно лице (полицаец) го употребил својот службен пиштол и испукал околу 11 проектили во правец кон сторителите извикувајќи дека тој е полиција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.